„КОМУНАЛЕЦ“ ЌЕ УПРАВУВА СО ВОДОВОДИТЕ ВО ЖУРЧЕ И ПРИБИЛЦИ PDF Печати
Вести
Grb_na_opstinata-smal

На последната седница, Советот на општината Демир Хисар донесе одлука за отстапување на користење, управување и одржување на водоводните системи во селата Журче и Прибилци. Преземањето е во согласност со Законот за снабдување со вода  за пиење и одведување на отпадни води, а како резултат на потребата за обезбедување доволни количини на здрава, чиста и исправна вода за граѓаните од овие населени места.

Советниците едногласно ја донесоа и одлуката за цената  за користење на водата по метар кубен, за правни и физички лица. Така, веќе од наредниот месец потрошувачите од Журче и Прибилци, за 1 кубен метар потрошена вода, месечно ќе плаќаат по 28 денари, односно 45 денари  правните лица. Овие цени ќе важат  доколку во текот на годината водата се црпи и препумпува од црпните базени. Ако во текот на годината се користи вода по природен пат, во тој случај ќе се наплаќаат по 20 денари за 1 метар кубен потрошена вода.

На задоволство на жителите на овие две населени места кои изминативе години имаа сериозни финансиски и технички проблеми при одржувањето на системот и редовноста во водоснабдувањето, со овој чекор се очекува значително да се подобри снабдувањето со квалитетна вода  во сите периоди од годината, како и редовно одржување и ремонтирање на ситемот.

Наредниов период се очекува „Комуналец“  постапно да ги преземе и другите водоснабдителни системи. До сега „Комуналец“ стопанисуваше само со градскиот водовод од кој што со вода за пиење се знабдуваат градот Демир Хисар и населените места Слепче, Суводол и Кутретино.

Одлуките во својата изворна форма можете да ги прочитата во Службениот гласник бр.7 што е објавен на овој портал во менито „Е-општина“.

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер