ГРАДСКИТЕ ГРОБИШТА НА УПРАВУВАЊЕ НА „КОМУНАЛЕЦ“ PDF Печати
Вести
Grb_na_opstinata-smal

Проблемите на локалната црковна власт околу управувањето, уредувањето и одржувањето на градските гробишта во Демир Хисар дефинитивно се симнаа од дневен ред. Членовите на Советот на општината Демир Хисар едногласно донесоа пакет акти со кои што јавното комунално претпријатие “Комуналец“ целосно го презема управувањето со гробиштата, односно целосно се регулираат односите во оваа комунална сфера.

Во согласност со законот за локална самоуправа  и Статутот на општината, се воведуваат неколку категории на услуги и надоместоци, како што се наплата на надоместок за пристап и користење на комуналната инфраструктура од страна на операторите на погребалните услуги,  надоместок за одржување на гробиштата, надоместок за солидарен погреб, надоместок за каменорезачите, како и ред и работно време и обезбедување на мир на гробиштата.

За ново гробно место во иднина ќе се наплаќа по 8.000 денари, а месечниот надоместок за одржување или гробарина ќе изнесува  30 денари, односно годишно по 360 денари за едно гробно место. Надоместокот за гробарина ќе се наплаќа преку месечните сметки за комунални услуги.

Што се однесува до таканаречениот солидарен  погреб кој што и до сега на доброволна основа се наплаќаше преку комуналните сметки во износ од 100 денари, „Комуналец“ ќе може и во иднина да го наплаќа со таа разлика што наместо транспорт на мртовецот и погребална опрема, „Комуналец“ еднократно ќе исплаќа во готово по 7000 денари за едно починато лице. Останатите трошоци околу превозот на починатото лице ќе ги наплаќа операторот за погребални услуги. Значи, „Комуналец“ во иднина нема и не смее да врши транспорт на починати лица.

Се воведува и надоместок за операторите на погребални услуги и тоа, 800 денари за погреб и исто толку за ексхумација, како и надоместок за каменорезачите во износ од 1000 ден.

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер