СЕ ОДРЖА ЈАВНА ТРИБИНА PDF Печати
Вести
HPIM5652

ЕУ ФОНДОВИТЕ- МОЖНОСТ ИЛИ  ПРЕДИЗВИК ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ

Во рамките на проектот на Инситутот за Демократија „Социетас Цивилиц - Скопје: „Зајакнување на цицилното општество преку градење на капацитетите, промовирање на локалниот развој преку поголема искористеност на ЕУ фондовите“, во Демир Хисар се одржа јавна трибина на тема: „ЕУ фондовите – можност или предизвик за локалнен развој“.

Трибината предизвика голем интерес како кај локалната самоуправа, локалните деловни субјекти, индивидуалните земјоделци, така и кај претставниците на граѓанскиот сектор.  Беа презентирани сите компоненти за аплицирање во IPA фондовите, како и можностите за локалнен развој преку нивно искористување.  Предавач беше м-р Иван Дамјановски од Правниот факултет во Скопје, како и Јосипа Ризанкоска, проект координатор во Институтот за демократија која го претстави проектот. Уредникот на дневниот весник Васко Попетревски зворуваше за  искуствата од регионот за искористеноста на фондовите.

HPIM5666

Обраќање пред присутите имаше и градоначалникот Тони Ангелевски кој ги запозна учесниците на јавната трибина со досегашните искуства на локалната самоуправа, пред се во делот на  прекуграничната соработка, како и  новите идеи и проекти за искористување на претпристапните фондови во останатите компоненти.

Домаќин на трибината беше невладината организација „Поленка“ од Демир Хисар

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер