ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ PDF Печати
Вести
Idninata_na_zdrav_temel-so_grb_na_DH-s

НАСКОРО ПРВИТЕ РЕШЕНИЈА

На нешто повеќе од месец ипол од последниот рок, до општинската комисија за легализација на бесправно изградени објекти секојдневно се поднесуваат барања од граѓаните. Иако интересот е под очекувањата, сепак, како одминуваат роковите, така се зголемува и бројот на поднесоците. Така, од март кога започна да течи шестмесечниот рок, до Комисијата досега се поднесени 40 – ина барања, главно за легализација на деловни, станбени и помошни објекти, претежно во градот, но и во другите рурални населени места.

Причините за релативно слабиот одзив на граѓаните се лоцираат, главно во, наводно големите трошоци за изработка на геодетски елаборат, а без при тоа да се имаат предвид големите и долгорочни придобивки од легализацијата. Но исто така, како што велат во Комисијата, голем удел за ваквиот незадоволителен интерес  има и менталитетот на луѓето, работите да се завршуваат пред крајот на последните рокови. Од тие причини, зголемен интерес се очекува кон средината и крајот на август.

Општинската комисија за легализација досега целосно има обработено 10 – ина предмети кои што по правосилноста, наскоро и на пригоден начин ќе им бидат врачени на подносителите.

„Со целосното спроведување на законот за легализација очекувам финално решавање на еден проблем со урбаното безредие со кое што општината Демир Хисар се соочува години наназад“ -  вели градоначалникот на општината Тони Ангелевски и додава, дека „ако е потребно и лично ќе ги посетиме сите иматели на бесправни објекти, лично ќе им врачиме барање за легализација и советодавно ќе им помогнеме да ги легализираат своите диви објекти во законските рокови“.

Општината Демир Хисар нема точна евиденција за бројот на бесправни објекти, но се претпоставува дека само во градот има околу 300.

Потребни документи:

1. Уверение за државјанство или копија од лична карта;

2. Доказ за приклучок на комунална инфраструктура и/или сметки за јавни услуги (струја, вода итн.), а доколку бесправниот објект нема инфраструктурни приклучоци изјава заверена на нотар дадена под кривична и материјална одговорност со која барателот ќе потврди дека објектот е изграден пред влегување во сила на овој закон.

3. Геодетски елаборат за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект со имотен лист за земјиштето на кое е изграден бесправниот објект.

- барање (превземи word, pdf)

- уплата на административна такса:

Цел на дознака: Административна такса

Примач: Трезорска сметка

Банка:НБРМ

Сметка: 1000000000 630 95

Уплатна сметка: 840-122-03161

Приходна шифра: 722-313-00

     ИЗНОС

 50 ДЕНАРИ 

Цел на дознака: Административна такса

Примач: Трезорска сметка

Банка: НБРМ

Сметка: 1000000000 630 95

Уплатна сметка: 840-122-03182

Приходна шифра: 722-315-00

   ИЗНОС

250 ДЕНАРИ


 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер