НАУЧНА ТРИБИНА ВО БАБИНО PDF Печати
Вести
Tribina-1

Локалната самоуправа ја анимира секоја добра идеја што доаѓа од приватниот сектор. Како една од стратегиските цели на општината Демир Хисар во рамките на долгорочните развојни визии е и развојот на туризмот, посебно селскиот, манастирскиот, верскиот и културниот туризам преку искористувањето на огромните потенцијали и природни предиспозиции на овој регион. – рече во изјавата за медиумите градоначалнкот на општината Демир Хисар, Тони Ангелевски пред почетокот на научната трибина во селото Бабино.


Tribina-2

Како дел од Акциониот план на општината Демир Хисар  за развој на туризмот до 2013 година, а во рамките на Проектот „Демир Хисар културен и туристички предел“ што е поддржан и од Владата на РМ, на 10 – ти и 11 – ти јули, во живописното Бабино се одржа дводневна научна трибина посветена на развојниот концепт за овој регион. Всушност, оваа научна манифестација е и своевидна практичната реализација на проектот за промоција на селото Бабино како атрактивна туристичка дестинација.

Иницијаторот и организатор на овој проект е Стево Степановски, сопственик на приватната библиотека „АЛ – БИ“  кој на овој промотивен настан рече дека селото Бабино е со препознатлив амбиентален идентитет, втемелен на културно -историското наследство и природните реткости.

- Првата фаза, како што вели Степановски, најпрвин ќе ја  посветивме на локалното население, преку дообука и тенинзи да стане свесно за своето културно наследство и можностите за бенефит, а потоа и едукација со еден светски јазик.

Со свои стручни предавања пред многубројните учесници на трибината, учествуваа неколку експерти и повеќе Универзитети во РМ.

Tribina-3Tribina-4


 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер