На 25 Јули 2011 во Демир Хисар и Сопотница ИПАРД инфо ден PDF Печати
Вести

Врз основа на претходната најава за објавување на Јавен повик 02/2011 од 16.07.2011 за доставување на барања за користење на средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програмата 2007-2013), Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Годишниот акционен план за комуникација за 2011 година, во периодот од 18-29 Јули организира инфо денови.

Со цел запознавање со можностите и начините за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 на 25 Јули 2011 организира инфо ден со што граѓаните на општина Демир Хисар ќе се запознаат со можностите и начините за користење на средствата од ИПАРД Програмата и тоа:

- со почеток во 17 часот во Сопотница, Подрачно училиште „Браќа Миладиновци“,

- со почеток во 19 часот во Демир Хисар, Дом на култура „Илинден“ (Сала за состаноци),


- Мерка 101 - Инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската Унија каде што прифатливи проекти се оние чиј вкупен износ на прифатливи трошоци е од минимум 5.000 евра, (308.031,50 денари во денарска противвредност) и максимум 400.000 евра, (24.642.520,00 денари воденарска противвредност),Јавениот повик за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД програмата 2007-2013 се однесува за следниве мерки:

- Мерка 103 - Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската Унија каде што прифатливи проекти се оние чии вкупен износ на прифатливи трошоци е од 15.000 евра (924.094,50 денари во денарска противвредност) и максимум 800.000 евра, (49.285.040,00 денари во денарска противвредност) со исклучок на инвестиции за воспоставување на кланични капацитети за живина каде што прифатливи проекти се оние чии вкупен износ на прифатливи трошоци може да достигне максимум 3.000.000 евра (184.818.900,00 денари во денарска противвредност), и

- Мерка 302 - Диверзификација и развој на руралните економски активности каде што прифатливи проекти се оние чии вкупен износ на прифатливи трошоци е минимум 5.000 евра (308.031,50 денари во денарска противвредност) и 200.000 евра (12.321.260,00 денари во денарска противвредност).За мерка 101 и мерка 103 барања може да доставуваат физички и правни лица за инвестиции лоцирани на територијата на Република Македонија, додека за мерка 302 барања може да доставуваат физички и правни лица за инвестиции кои се наоѓаат во рурални средини.

Подетални информации:

Веб линк: Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Веб линк: Тело за управување со ИПАРД, при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопнаство

или во општина Демир Хисар, Одделение за Локален Економски Развој и јавни дејности

тел.:     047-552-661

е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер