29 РЕДОВНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНАТА PDF Печати
Вести

Grb_na_opstinata-smal

Претседателот на Советот на општината Љупчо Ангелевски, донесе Решение за свикување на 29 - та редовна седница. Најавен е дневен ред од 14 точки од делокругот на надлежности на Советот на општината и тоа:

 

1.     Донесување на Квартален извештај за реализација на Буџетот на Општина Демир Хисар за 2011 година за II-квартал.

2.     Донесување на Одлука за одобрување на приоритетен проект со кој ќе се аплицира по Проектот„Водоснабдување и одведување на отпадни води“ за Демир Хисар.

3.     Донесување на Одлука за одобрување на приоритетен проект со кој ќе се аплицира по Проектот„Водоснабдување и одведување на отпадни води“ за Сопотница.

4.     Донесување на Изјави дека општина Демир Хисар ги исполнува и ќе ги исполнува условите.

5.     Донесување на Одлука за усвојување на Елаборат за направена штета од елементарна непогода „Силен дожд и град“ за население места Света, Бараково и Граиште.

6.     Донесување на Одлука за усвојување на Елаборат за направена штета од елементарна непогода „Силен дожд и град“ за население места Единаковци и Вардино.

7.     Донесување на Извештај за спроведена самоевалуација во ОУ „Гоце Делчев “ Демир Хисар.

8.     Донесување на Годишен Извештај за работата на ЈОУД детска градинка „2-ри Септември“ Демир Хисар 2010-2011 година.

9.     Донесување на Шестмесечен Извештај за работата на ПС од општа надлежност Демир Хисар за 2011 година.

10.   Донесување на Програма за активностите на Општина Демир Хисар во областа на социјалната заштита во 2011 година.

11.   Донесување на Согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици за ОУ „Гоце Делчев “ Демир Хисар.

12.   Донесување на Согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици за ОУ „Браќа Миладиновци “ с.Жван Општина Демир Хисар.

13.   Донесување на Согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици за ОУ „Даме Груев “ с.Смилево Општина Демир Хисар

14.   Предлози и прашања.

Седницата ќе се одржи на 29 - ти јули со почетпок во 11:00 часот.

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер