ПИСМО НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ДО СОПСТВЕНИЦИТЕ НА БЕСПРАВНИ ОБЈЕКТИ PDF Печати
Вести
Grb_na_opstinata-smal

Почитувани сограѓани,

Се наближува последниот рок за легализација на Вашите бесправно изградени објекти. Ова е последната шанса и можност,  конечно, по 20 години ветувања, да најдете законско решение за дивоградбите.

Со легализирањето на Вашиот дом ќе престане и стравот дека можете да го изгубите, а ќе ја зголемите и неговата вредност. Дивоградбата не можете да ја продадете, не можете да ја искористите како хипотека, и што е посебно важно, не можете да им ја оставите во наследство на Вашите поколенија.

Роковите за поднесување барање течат, а на повидок е последниот, 3 – ти септември. Сторете го тоа веднаш и без одложување!

Направете фотокопии од Вашата лична карта (или уверение за државјанство), од една платена сметка за струја или вода и заедно со барањето, поднесете ги кај Општинската комисија. Доколку немате сметки за вода или струја, направете изјава кај нотар, дека објектот за кој што поднесувате барање, е изграден пред 3-ти март 2011 година. Со овие документи, Комисијата ќе ја започне постапката за легализација, а меѓувреме, нарачајте изработка на геодетски елаборат кај овластена геодетска куќа. По изработувањето, елаборатот доставете го до Комисијата.

Ова е се што треба да сторите за да почне постапката за легализација на Вашата дивоградба. Но имајте го предвид последниот рок, 3-ТИ СЕПТЕМВРИ 2011.

Општинската комисија прима барања секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот (на влезот од општинската зграда, прва врата-десно), а подетални информации можете да најдете и на официјалната страница на општината www.demirhisar.gov.mk. Барањето ќе го добиете од Комисијата или сами преземете го од веб страницата на општината (во „Е – општина“).


Со почит,

Тони Ангелевски, градоначалник

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер