VI. МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ „ВАЛЕНТИН СТЕФАНОВСКИ”, 2020 PDF Печати
Вести

ЗДРУЖЕНИЕТО НА ГРАЃАНИ „ВАЛЕНТИН СТЕФАНОВСКИ”, ДЕМИР ХИСАР

ГО ОРГАНИЗИРА VI. МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ, 2020

22.10.2020


.

memorijalen-turnir-valentin-stefanovski-2020-najava

.

Ви го најавуваме шестиот по ред Меморијален турнир во мал фудбал „Валентин Стефановски“, Демир Хисар, кој ќе се одржи на 22., 23. и 24. октомври, 2020 година, во чест на нашиот другар и пријател, кој прерано не напушти од овој свет, Валентин Стефановски - Тинко.

На официјалното отворање денес ќе присуствува и градоначалникот Стојановски. Натпреварите ќе се одиграат на отворениот фудбалски терен при ОУ „Гоце Делчев“, Демир Хисар и самиот турнир ќе се одржи согласно сите препорачани мерки од здравствените институции и утврдените протоколи донесени од страна на Владата, спортско - рекреативните манифестации да се одржуваат на отворено, односно на отворен спортски терен.

Поради глобалната криза настаната од пандемијата со Covid-19, овогодинешниот турнир ќе биде од помал формат и ќе учествуваат само осум екипи на покана од организаторот Здружение на граѓани „Валентин Стефановски", Демир Хисар.

Се замолуваат сите кои ќе се затекнат на местото каде ќе се одржува турнирот да ги почитуваат пропишаните мерки за спречување на ширење на Коронавирусот (носење на маска, држење на растојание од најмалку 1.5м., забрането групирање на повеќе од четири лица).

Мерките, исто така, важат и за самите учесници на турнирот, со што за нив е задолжителна дезинфекција и мерење на телесна температура при влез на теренот.

- Се надеваме дека сите ќе дадеме придонес и ќе ги почитуваме сите мерки со цел непречено одвивање на предвидените активности, соопштија од Здружението на граѓани „Валентин Стефановски“.

.

turnir-valentin-stefanovski-2020-1


 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер