Дневен ред за 43-та седница на Совет на Општина Демир Хисар PDF Печати
Вести

28.10.2020

.

Врз основа на член 53 став 1  од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар
(„Службен гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02) се донесува:
.
Р Е Ш Е Н И Е
За свикување на 43-та седница на Совет на Општина Демир Хисар
Седницата ќе се одржи на 29.10.2020 година (четврток) со почеток во 10:00 часот во фоајето на Дом на култура „Илинден“, Демир Хисар

За присуство на седницата на Совет задолжително е носење на маски
.
-Усвојување на Записник од Итна седница на Совет на Општина Демир Хисар одржана на 22.09.2020 година.
-Усвојување на Записник од 42-ра седница на Совет на Oпштина Демир Хисар.
.
За седницата го предлагам следниот:
.
Дневен ред
.
1. Давање Согласност за измени и дополнување на Годишен план за вработување на Општина Демир Хисар за 2020 година.
2. Донесување на Решение за давање согласност на Правилникот за внатрешна организација на ЈП „ДЕХИ ТРАНС“, Демир Хисар.
3. Донесување на Решение за разрешување на Горанче Ѓорѓиовски од член на УО на ЈКП „Комуналец“, Демир Хисар.
4. Донесување на Решение за именување на  член на УО на ЈКП „Комуналец“, Демир Хисар.
5. Усвојување на Годишен план за вработување за ЈКП „Комуналец“, Демир Хисар за 2021 година.
6. Усвојување на измени и дополнување на Годишен план за вработување за ОУ Дом на култура „Илинден“, Демир Хисар за 2020 година.
7. Усвојување на Годишен план за вработување за ОУ Дом на култура „Илинден“, Демир Хисар за 2021 година.
8. Предлози и прашањa.
.
Бр.17-963/1                                                           Совет на Општина Демир Хисар
21.10.2020 година                                                             Претседател, 
Демир Хисар                                                               Благоја Станојоски


 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер