ДОНАЦИЈА ОД 20 ТАБЛЕТИ ЗА ДЕЦА ОД СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИ СЕМЕЈСТВА PDF Печати
Вести

04.11.2020

donacija-na-tableti-od-kabtel--fiber

.

Кабелскиот оператор ДООЕЛ „Кабтел Фибер“, Демир Хисар донираше 12 таблети кои ќе бидат доделени на деца од најранливи домаќинства во населените места во општината, додека Општина Демир Хисар донира 8 таблети.
Согледувајќи ја актуелната ситуација по однос на одвивањето на онлајн наставата, ќе се овозможат поволни услови преку оваа благородна донација за децата чии фамилии се соочуваат со тешки социјални предизвици и не се во можност да следат онлајн настава од домашни услови во време на глобална криза предизвикана од пандемијата на ковид - 19.

Градоначалникот Стојановски упати искрена благодарност до Кабелскиот оператор и ја пофали нивната општествена одговорност за донацијата, со надеж дека со заеднички сили ќе се придонесе да се обезбедат уште повеќе таблети и да се помогне да се надминат тешкотиите во една општествена и здравствена криза, а со тоа ќе се придонесе секое дете да има пристап до современите технологии во реализација на онлајн наставата.

.

donacija-na-tableti-od-kabtel-fiber-1

.
- Образовниот процес ќе го направиме подостапен и во овој сегашен тежок период, а таблетите ќе бидат распоредени согласно потребите на трите основни училишта и средното општинско училиште. Оваа донација е од огромно значење и се надеваме дека и другите општествено одговорни компании ќе го следат примерот на „Кабтел Фибер“ и ќе се приклучат во хуманитaрни акции преку кои и, ќе ја зајакнеме општата соработка против пандемијата и ќе го подобриме животот на луѓето, истакна градоначалникот Стојановски.


 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер