Дневен ред за 44-та седница на Совет на Општина Демир Хисар PDF Печати
Вести

10.11.2020

Врз основа на член 53 став 1  од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар

(„Службен гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02) се донесува:

.

РЕШЕНИЕ

За свикување на 44-та седница на Совет на Општина Демир Хисар

Седницата ќе се одржи на 12.11.2020 година (четврток) со почеток во 10:00 часот во фoајето на Дом на култура „Илинден“, Демир Хисар

 .

За присуство на седницата на Совет задолжително е носење на маски

.

-Усвојување на Записник од Итна седница на Совет на Oпштина Демир Хисар одржана на 22.09.2020 година;

-Усвојување на Записник од 43-та седница на Совет на Oпштина Демир Хисар.

.

За седницата го предлагам следниот:

.

Дневен ред

  1. Усвојување на Квартален  Извештај за извршување на Буџетот за Општина Демир Хисар за извештаен период за квартал од 01.01.2020 до 30.09.2020  година.
  2. Измени и дополнување на Буџетот на Oпштина Демир Хисар за 2020 година (II Ребаланс).
  3. Донесување на Одлука за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со намена А1.5- Домување во станбени куќи и помошни градби што го чинат селскиот стопански двор на КП 553 за КО Кутретино.
  4. Донесување на Одлука за изменување и дополнување на Програмата за донесување на урбанистички планови за Општина Демир Хисар за 2020 година
  5. Донесување на Решение за давање согласност на Ценовникот вршење на услуги за превоз од страна на Јавното претпријатие „Дехи Транс“, Демир Хисар.
  6. Усвојување на деветмесечен извештај за финансиското работење на ЈКП „Комуналец“, Демир Хисар за период од 01.01.2020 до 30.09.2020 година.
  7. Донесување на Решение за именување на член на УО на ЈКП „Комуналец“, Демир Хисар.
  8. Усвојување на Годишен план за вработување за ЈКП „Комуналец“, Демир Хисар за 2021 година.
  9. Усвојување на измени и дополнување на Годишен план за вработување за ОУ Дом на култура „Илинден“, Демир Хисар за 2020 година.
  10. Усвојување на Годишен план за вработување за ОУ Дом на култура „Илинден“, Демир Хисар за 2021 година.
  11. Предлози и прашањa. 

.

Бр.17-1008/1                                                           Совет на Општина Демир Хисар
06.11.2020 година                                                             Претседател, 
Демир Хисар                                                               Благоја Станојоски

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер