ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА РАБОТНИ ПРОСТОРИ ВО ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА PDF Печати
Вести

12.11.2020 

.

dezinfekcija-na-rabotni-opstinski-prostorii-1

.

Имајќи ја во предвид сериозноста на ситуацијата со ковид-19 вирусот, Општина Демир Хисар во соработка со ЈКП „Комуналец“, презеде активности за целосна дезинфекција на работните простории во општинската зграда.

Апелираме до сите сограѓани да ги почитуваат и применуваат пропишаните мерки и препораки од надлежните институции за заштита од ковид -19, и тоа:
- да носиме заштитна опрема за устата и носот;
- редовно да вршиме дезинфекција на рацете;
- да ја одржуваме пропишаната дистанца.

Исто така, Општина Демир Хисар како институција од самиот почеток на глобалната пандемија воведе задолжително мерење на телесна температура, со што редовно го применува при самиот влез, со цел заштита и превенција на вработените, како и на странките кои имаат потреба за влез во општинската зграда.

Од секој од нас зависи личното и колективното здравје!
Обврската е заедничка. Одговорноста е на секој еден од нас!

.

dezinfekcija-na-rabotni-opstinski-prostorii

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер