ПРОЕКЦИЈА НА ФИЛМ И ДЕБАТА ДЕМИР ХИСАР PDF Печати
Вести
15.12.2020
.
proekcija-na-film-organizator-mkc

.
По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на човекови права, Младински културен центар - Битола, во соработка со Општина Демир Хисар, организира Проекција на филм и дебата.
Проекција на игран филм „Esta Todo Bien“ (Сѐ е добро) од Венецуелска продукција и модерирана дискусија за темата на филмот со присутните на проекцијата. Модератор на дискусијата е д-р Билјана Гагачовска, директорка на Клиничката болница Битола. 
Филмот е со субтитл на англиски јазик, затоа е потребно посетителите да имаат основно познавање на англискиот јазик.
МКЦ - Битола го организира настанот во партнерство со Фестивалот на филм за човекови права “Movies That Matter” од Хаг, Холандија и со поддршка на Холандската амбасада во Република Северна Македонија.
Настанот ќе биде организиран по сите протоколи за заштита од Ковид-19: задолжителна онлајн регистрација за посетителите, мерење на температура и дезинфекција на раце при влез, носење на заштитна маска и одржување на физичка дистанца.
Ви прилог, линк за регистрација за бесплатен влез за филмската проекција: https://forms.gle/Cmz4Qyg8as9foVVa6
.
Датум: петок, 18 декември, 2020 година
Почеток: 13.00 часот
Локација: Конференциска сала во СОУ „Крсте Петков Мисирков“, Демир Хисар
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер