СОВРЕМЕНО ВОЗИЛО ЗА КОМУНАЛЕН ОТПАД PDF Печати
Вести

28.12.2020 

.

novo-vozilo-za-komunalen-otpad

.

Пред платото на општинската зграда, во петокот, официјално беше промовирано и новото - современо возило за собирање на комунален отпад, во присуство на министерот за локална самоуправа, Горан Милевски и директорот на Пелагонискиот плански регион, Гого Видимче.
Возилото е обезбедено преку Проектните активности за развој на Пелагониски плански регион и со поддршка на Министерството за локална самоуправа. Современо возило за собирање на комунален отпад со капацитет од 12 метри кубни кое што ги исполнува стандардите и потребите на Јавното комунално претпријатие.
Вкупната вредност на овој проект за зајакнување на техничките капацитети за собирање на комунален отпад е над 6 милиони денари, од кои една третина се обезбедени од општинскиот буџет на Демир Хисар.
Новото возило за комунален отпад, дополнително ќе ги осовремени и подобри условите за работа на Јавното претпријатие „Комуналец“, Демир Хисар.
.
novo-vozilo-za-komunalen-otpad-1
.
- Со проектот го унапредуваме квалитетот на општинските комунални услуги и го подобруваме животниот стандард на граѓаните. Овој тригодишен мандат од кога сум јас градоначалник ова ни е второ возило за собирање на комунален отпад кое е набавено со Програма преку Пелагониски плански регион. Основна цел на ова возило ќе биде подобрување на животната средина и водење на соодветна грижа за почиста и еколошка животна околина. Со секоја набавка на вакво возило се проширува бројот на населени места каде што се собира комуналниот отпад и ова возило ќе го користи Јавното комунално претпријатие, потенцираше Стојановски.
.
novo-vozilo-za-komunalen-otpad-2
.
novo-vozilo-za-komunalen-otpad-3
.

И, покрај ковид кризата, Министерството за локална самоуправа во 2020-та година не застана со реализација и имплементација на своите проекти, од најразлична области. Проблемот со собирање на отпадот е одамна јасно дефиниран во сите општини, но сè уште постои, пред сè, поради финансиската слабост на јавните комунални претпријатија. Со проектот го унапредуваме квалитетот на општинските комунални услуги и ги зајакнуваме општинските функции и надлежности на општините од Пелагонискиот регион уредени со Законот за локална самоуправа и Законот за управување со отпад. Министерството и во 2021 година ќе ги развива општините преку проекти за подобар животен стандард на граѓаните, појасни Милевски.

Директорот на Пелагониски плански регион, Гого Видимче, посочи дека и понатаму ќе продолжи соработката со градоначалниците и општините, а со тоа и ќе се придонесе за подобрување на животот во овој регион. Видимче, ја поздрави заложбата на градоначалникот Стојановски, што, посветено работи за почиста животна средина, а, додека, директорот на ЈКП „Комуналец“, Демир Хисар, Ацко Трајковски, изрази благодарност до институциите за набавеното возило.

.
Во текот на работниот ден, министерот Милевски и градоначалникот Стојановски, извршија увид на градежни активности - реконструкцијата на стариот кооперативен дом во с. Слоештица, кој прераснува во мултифункционален центар во кој ќе има и меморијална поставка на великанот на македонскиот пишан збор, Петре М. Андреевски, а кој се реализира преку Министерството за локална самоуправа со поддршка од Европска Унија, а во рамките на ИПА Прекуграничната програма меѓу С.Македонија и Албанија.
.
uvid-vo-gradezni-aktivnosti-sloestica
.
uvid-vo-gradezni-aktivnosti-sloestica-1


 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер