НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ PDF Печати
Вести

31.12.2020

.

novogodishna-cestitka-2021

.


Почитувани сограѓани,

Дозволете ми во овој последен работен ден од 2020 година, во името на Локалната самоуправа и во мое лично име, да Ви упатам честитки во пресрет на новогодишните и Божиќните празници, со искрени желби за добро здравје, лична, семејна и општествена благосостојба, радост, љубов, спокој, меѓусебна почит, просперитетна иднина и среќен живот на сите.

Пред нас беше една тешка година која нанесе вонредни услови за работа, наметнати од глобалната пандемија, односно од општествено - здравствената криза, предизвикана од корона вирусот, ковид - 19.

Апелирам до сите да празнуваме одговорно и да се почитуваат во целост рестриктивните мерки и препораки од Владата на РСМ и надлежните здравствени установи, по однос на организирањето на предновогодишни и новогодишни прослави на отворен и затворен простор, за сите граѓани.
Да останаме сите во добро здравје и добро семејно расположение.

За секој локален функционер привилегија е да се работи за доброто на секој граѓанин на општината, да ги решава проблемите на граѓаните, но и голема обврска е довербата да се оправда.

Посакувам и, очекувам, во наредната 2021 година да останеме фокусирани во имплементација на покрупни проекти, заеднички да придонесеме во нашата мисија и визија за локален економски развој, како и, заеднички да работиме на остварување подостоинствена, подобра и Европски развиена општина.

Ви посакувам успех во новата 2021 година на личен, професионален и институционален план.
Нека новата 2021 година ви биде исполнета со многу здравје, љубов, среќа и пријатни мигови со вашите најблиски и најсакани!, стои во честитката на градоначалникот Стојановски.


 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер