Дневен ред за 47-ма седница на Совет на Општина Демир Хисар PDF Печати
Вести

22.01.2021

Врз основа на член 53 став 1 од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар

(„Службен гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02) се донесува:

.

РЕШЕНИЕ

За свикување на 47-ма седница на Совет на Oпштина Демир Хисар

Седницата ќе се одржи на  29.01.2021 година (петок) со почеток во 10:00 часот во салата за состаноци во СОУ „Крсте П. Мисирков“, Демир Хисар

-Усвојување на Записник од 45 та седница на Совет

-Усвојување на записник од 46 та седница на Совет

 За седницата го предлагам следниот

.

Дневен ред

  1. Донесување на Буџет на Општина Демир Хисар за 2021 година.
  2. Донесување на Одлука за поништување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Демир Хисар за 2021 година бр.17-1132/4 од 2020.
  3. Донесување на Одлука за извршување на Буџетот на Општина Демир Хисар за 2021 година.
  4. Донесување на Одлука за ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на Општина Демир Хисар од сите ризици и опасности.
  5. Донесување на Одлука за усвојување на Годишен извештај за остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер во Општина Демир Хисар за 2019 година.
  6. Донесување на Одлука за продолжување на воспоставената меѓуопштинска соработка помеѓу општините Битола, Ресен, Демир Хисар, Могила и Новаци за учество во финансирањето на Регионалниот ресурсен центар за слепи лица и лица со оштетн вид за општините Битола, Ресен, Демир Хисар, Новаци и Могила-Битола.
  7. Донесување на Oдлука за давање согласност и отстапување на правото на утврдување на правен статус на бесправно изграден објект - деловен објект (Зграда 1) кој се наоѓа на КП бр.4557 за КО Сопотница, од страна на Општина Демир Хисар во корист на правното лице ,,Македонски Телеком” AД Скопје, ул. ,,Кеј 13 Ноември” бр.6 Скопје.
  8. Донесување на Решение за именување на член на УО на ООУ „Гоце Делчев“, Демир Хисар.
  9. Донесување на Решение за именување на член на УО на ООУ „Браќа Миладиновци“, с.Жван, Општина Демир Хисар.
  10. Донесување на Решение за именување на член на УО на ООУ „Даме Груев“, с.Смилево, Општина Демир Хисар.
  11. Разгледување на Барање од Благоја Шундовски од Демир Хисар.
  12. Разгледување на Барање од Методија Јаковлевски од Демир Хисар.
  13. Разгледување на Барање од ОО на СБМ Демир Хисар.
  14. Предлози и прашања.   

.

Бр.17-65/1                                                           Совет на Општина Демир Хисар
21.01.2021 година                                                             Претседател, 
Демир Хисар                                                               Благоја Станојоски

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер