Дневен ред за 48-ма седница на Совет на Општина Демир Хисар PDF Печати
Вести

25.02.2021 

Врз основа на член 53 став 1  од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар

(„Службен гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02) се донесува:

.

РЕШЕНИЕ

За свикување на 48-ма седница на Совет на Oпштина Демир Хисар

Седницата ќе се одржи на 26.02.2021 година  (петок) со почеток во 10:00 часот во салата за состаноци во СОУ „Крсте П. Мисирков“, Демир Хисар

 .

За присуство на седницата на Совет задолжително е носење на маски

.

За седницата го предлагам следниот

Дневен ред

  1. Донесување на Одлука за давање согласност за намена на инвестиција и за обезбедени средства како сопствено учество за реализација на проектот „Доизградба на краци од градска фекална канализациона мрежа во градот Демир Хисар (профил бр.2 и бр.2.1) “.
  2. Донесување на Буџет на Oпштина Демир Хисар за 2021 година.
  3. Донесување на Одлука за поништување на Одлуката за извршување на Буџетот на Oпштина Демир Хисар за 2021 година бр.17-1132/4 од 2020.
  4. Донесување на Одлука за извршување на Буџетот на Општина Демир Хисар за 2021 година.
  5. Донесување на Решение за именување на член на Училишен одбор на ООУ „Гоце Делчев“, Демир Хисар.
  6. Донесување на Решение за именување на член на Училишен одбор на ООУ „Браќа Миладиновци“, с.Жван, Oпштина Демир Хисар.
  7. Донесување на Решение за именување на член на Училишен одбор на ООУ „Даме Груев“, с.Смилево, Oпштина Демир Хисар.
  8. Донесување на Решение за именување на  член на Управен одбор на ЈКП „Комуналец“, Демир Хисар.
  9. Предлози и прашања. 

.

Бр.17-194/1                                                           Совет на Општина Демир Хисар
24.02.2021 година                                                             Претседател, 
Демир Хисар                                                               Благоја Станојоски


 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер