ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР ВО МЕЃУНАРОДНА ПУБЛИКАЦИЈА Печати
Вести

15.03.2021

.

publikacija-balkanika-foto-1

.

.

Согласно потпишаниот Договор за деловна соработка со предмет - Презентација на Општина Демир Хисар во меѓународната публикација „BUSINESS DIRECTORY OF NORTH MACEDONIA 2020/21“, односно во поглавјето „Some of Municipalities of the Republic of North Macedonia“, каде на репрезентативен начин се презентира општината, но и, се афирмираат богатите културни наследства прикажани преку културни настани и манифестации. 

Публикацијата е изработена со исклучителна внимателност и посветеност, а во која се опфатени: локалните едукативни активности, придонесот во полето на инфраструктурата, инвестирањето за осовременување на локалните институции, како и, значајните историски настани и истакнати личности кои имаат голем придонес во историскиот развој на општината и народната традиција - личности кои имаат создадено трајно чувство на патриотизам и инспирација за идните генерации.

.

publikacija-balkanika-foto-2

.

Публикацијата е објавена во електрoнска интернет - форма, од страна на редакција на Издавачката куќа „Балканика“, Скопје.

Во прилог ви доставуваме и ПДФ - верзија од истата, која можете да ја погледнете тука.