КОНЕЧНО НА ЖИТЕЛИТЕ НА С. БЕЛЧЕ ЌЕ ИМ БИДЕ ОБЕЗБЕДЕН ПРИКЛУЧОК КОН КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА PDF Печати
Вести

02.04.2021

.

-УВИД ВО РАБОТАТА НА ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ - ПОСТАВУВАЊЕ

НА КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА ВО Н.М. БЕЛЧЕ

.

uvid-postavuvanje-na-kanalizaciona-mreza-belce

.

Градоначалникот Стојановски, изврши увид во работата на градежни активности околу поставувањето на канализациона мрежа со подтретман на отпадни води во с. Белче, проект кој е во тековна фаза на изградба.
Изведувач на проектот е компанијата „Маркоски“ К73, ДООЕЛ Струга, а вкупната вредност на проектот е 10.556.096 денари, со инвестиција на Министерството за транспорт и врски на Р.С. Македонија, чии финансии се обезбедени од ЕИБ Програмата. 
.
uvid-postavuvanje-kanalizaciona-mreza-belce-1
.
- Го решаваме овој доста горлив проблем, кој, беше приоритет на жителите изминативе години. Ние се обврзуваме спрема потребите на нашите сограѓани. Она што го имаме ветено, чекор по чекор и, доследно го исполнуваме.
Наша обврска и должност, но и цел, е да ги подобриме условите за живот во општината, и фокусирано и посветено да работиме во интерес во изнаоѓање решение на проблемите со кои се соочуваат граѓаните на Општина Демир Хисар, изјави Стојановски.
.
uvid-postavuvanje-kanalizaciona-mreza-belce-2



 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер