Discovering hidden attractions is in Babino PDF Печати
Вести
Discovering hidden attractions is in Babino, Sopotnica, Macedonia
May be an image of 1 person, outdoors and text that says 'библиотека "ал-би", бабино одбележуване на светскиот ден на книгата и авторското право петок, 23.04.2021, платформа за видео конференции 13:00 часот zoom записите на учителот влатко стоковски'
„ЧИТАЈ...за никогаш да не се чувствуваш осамен!“
Библиотека "АЛ-БИ" од с.Бабино, во соработка со ОУ "Гоце Делчев", Демир Хисар се вклучуваат во одбележувањето на 23-ти април, Светскиот ден на книгата и авторските права.
Он-лајн настанот ќе започне во петок во 13 часот со читање на пораката за книгата на УНЕСКО и македонската порака за книгата, пофалба на книгата како најголем инструмент за знаењето и квиз натпревар. Пригодно, токму како за едно село од коешто потекнуваат најголем број учители – дури 162, во рамките на програмата, ќе биде промовирана и книгата „Записите на учителот“ од Влатко Стојковски, професор по македонски јазик.
Промотори: Славче Велјановски и Моника Сверчкова.
Специјален гостин: Елизабета Мијалкова (уредник на книгата)
Ве покануваме, овиј пат да го проследите настанот онлајн, а веруваме дека наскоро и лично ќе можете да присуствувате на некој од многуте културни настани што ќе се одржуваат во прекрасниот амбиент на библиотеката "АЛ-БИ".
Извор: @Арт Поинт – Гумно, @Милан Јанкулоски & @villagebabinomacedonia
“READ...so you never feel alone!”
"AL-BI" library from the village of Babino, in cooperation with the Municipal primary school "Goce Delchev” from Demir Hisar are joining in the global celebration of April 23, World Book and Copyright Day. The online event will start on Friday at 1 pm with the reading of the UNESCO message for the book as well as the Macedonian message for the book, praise of the book as the greatest tool for knowledge and quiz competition. Conveniently, just like for a village with greatest number of teachers - as many as 162, within the program, a promotion of the book "Teacher's Records" by Vlatko Stojkovski, professor of Macedonian language will take part.
Promoters: @Slavce Veljanovski and Monika Sverchkova @Mony Valo.
Special guest: Elizabeta Mijalkova (book editor)
You are invited to follow the event online, and we do believe that you will soon be able to personally attend one of the many cultural events that will take place in the beautiful setting of “AL-BI” Library.
Линк со ЗУМ настанот / Link with the Zoom event:
Source: @Art Point – Gumno, @Милан Јанкулоски & @villagebabinomacedonia
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер