ЧЕСТВУВАЊЕ - 87 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ PDF Печати
Вести

25.6.2021

cestvuvanje-87-godini-od-ragjanjeto-na-andreevski

.

.

Денес, во родното село на великанот на македонската книжевност, Петре М. Андреевски, се одбележаа 87 години од неговото раѓање.
Пригодната програмска свеченост започна во просториите на Домот на културата „Илинден“, Демир Хисар, каде се наоѓа и градската библиотека која го носи името на демирхисарскиот литературен творец, со пригодно обраќање на директорот на Домот на културата, Зоран Котевски и директорката на ЈОУ Градска Библиотека „Борка Талевски“ - Прилеп, Моника Талевска.
Со достоинствена почит и пиетет кон ликот и делото на Петре М. Андреевски, говореше Моника Талевска, која срдечно ја поздрави свечената манифестација за овој голем и грамаден
културен настан каде, се слави роденденот на еден од најдобрите и најдаровитите, како и, меѓу читачката публика најпопуларните македонски автори.
.
cestvuvanje-87-godini-od-ragjanjeto-na-andreevski-3
.
Потоа, беше посетено неговото вечно почивалиште на селските гробишта во Слоештица, а општинска делегација предводена од градоначалникот Стојановски, членови од неговата фамилија и други гости, положија цвеќе и се поклонија пред споменикот на творецот кој со страст нурнуваше во слоевите на македонското минато и оттаму извлекуваше митски, магични, чудесни сознанија и пораки.
Градоначалникот Стојановски, истакна дека големиот македонски поет, раскажувач, драматург, романописец кој потекнува од нашиот демирхисарски крај, поточно од с. Слоештица, го зазема едно од најдостоинствените местa во нашата култура, а неговиот богат книжевен опус пишуван со неговото благородно перо, го чува жив споменот за незаменливиот, врвен креатор, кројач на зборот и мислата, слуга на љубовта и убавина, промотор на својот роден крај и афирматор на богатата демирхисарска културна ризница, патриот и слободољубец, Петре М. Андреевски.
Свечената агенда за одбележувањето на овој голем ден, се заокружи во дворот на семејството Андреевци, со рецетирање на неговиот публицистички исказ - поезија и цитирање на дел од неговите безвременски цитати, кои можат да продрат до сечие срце и да ја погалат душата.
.
cestvuvanje-87-godini-od-ragjanjeto-na-andreevski-1
.
cestvuvanje-87-godini-od-ragjanjeto-na-andreevski-2
.
Слава му на вечниот и незаменлив, Петре М. Андреевски.
(25. јуни, 1934 - 25. септември, 2006)


 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер