ШАХОВСКА СИМУЛТАНКА ВО ДЕМИР ХИСАР Печати
Вести

16.7.2021 

.

sahovska-simultanka-so-dimitar-ilievski

.

На градскиот плоштад „8. Септември“, Демир Хисар, денес беше одржана шаховска симултанка со легендата на македонскиот шах и интернационален шаховски мајстор, Димитар Илиевски, а во рамките на одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на академик Блаже Конески, имајќи го предвид фактот дека тој беше прв претседател на Шаховскиот сојуз на Македонија и голем љубител на шахот.
Димитар Илиевски, пред почетокот на симултанката говореше за своите успеси во шахот, како и за македонскиот и светски истакнат писател, есеист, раскажувач, книжевен историчар, лингвист, еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик и значајна личност во македонската книжевност, Блаже Конески.
Легендата на македонскиот шах, Димче Илиевски, е рекордер по бројот на одиграни симултанки во Р.С. Македонија, кој, годинава, слави неколку значајни јубилеи, меѓу кои 60 години како еден од врвните шахисти на Македонија (1961-2021), 50 години шаховско мајсторство (1971), 50 години како е прогласен за најдобар шахист на Македонија (1971). Тој е роден 1941 година во битолското село Ѓавато, а од Битола се преселил во Скопје, каде ги постигнал сите оние незаборавни шаховски успеси.
Пријавени беа 14 учесници, каде активно учество зеде и градоначалникот Стојановски, кoj изрази благодарност до Илиевски што денес е тука во Демир Хисар и што во знак на одличната организација и соработка му подари книга со наслов „Димитар Илиевски - легенда на македонскиот шах“, од авторите Ненад Баткоски и Љубомир Хаџи - Манев.
.
sahovska-simultanka-so-dimitar-ilievski-1
.
Легендарниот Илиевски одигра симултанка со сите 14 пријавени шахисти. Со тројца учесници ремизираше, со десет издвои победа, а од еден учесник беше поразен, со што достојно му честиташе на неговиот противник, Драге Талевски, од с. Слоештица, кој беше подобар во „шаховската симултанка“.
По завршувањето на шаховската симултанка на „шахисти“ од демирхисарско и вљубеници во оваа игра, на сите учесници, поединечно им беше доделена „Мироцветна шаховска штафета“, а проследена со пораката „Со мудрост до мир“, подготвена од страна на реномираниот сликар и хуманист, Живко Поповски - Цветин, кој, како што појасни и самиот Илиевски, се има вклучено со своја иницијатива во ШФМ за реализација на програмата.
.
sahovska-simultanka-so-dimitar-ilievski-2