Бесплатна менторска поддршка во рамки на повикот за комерцијализација на иновации од ФИТР PDF Печати
Вести

Почитувани,

Фондот за иновации и технолошки развој објави јавен повик за комерцијализација на иновации.Преку овој инструмент ФИТР обезбедува финансиска поддршка во максимален износ од 20.000.000,00 (дваесет милиони) денари и тоа:

-за претпријатија чиј просечен број на вработени е до 50 (педесет) вработени и чиј годишен приход во последните две години е помал од 2.000.000,00 (два милиони) евра, финансирање до 70% од вкупниот буџет на проект односно

-за претпријатија чиј просечен број на вработени е од 50 (педесет) до 250 (двестотини и педесет) и чиј годишен приход во последните две години е поголем од 2.000.000,00 (два милиони) евра, а помал од 10.000.000,00 (десет милиони) евра, финансирање до 60% од вкупниот буџет на проектот.

За таа цел Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион преку  Бизнис Центарот во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој ќе обезбеди бесплатна менторска поддршка за потенцијалните апликанти.

Сите заинтересирани апликанти можат да аплицираат на следниот линк:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSc_YcqCCC2uL5K7EsaUVbiJjfM53s0U_OVt1VSnNFByJ2y5ng/viewform?fbclid=IwAR1UWIbawaD9uudvqmZ4LcQs06TPHHecM5lEMXGwla8P5EsP9v_V6I_aio8

Со пополнување на апликацијата компанијата има можност за добивање на бесплатна менторска поддршка за јавниот повик на #ФИТР. Рокот за аплицирање  за менторската поддршка е до петок 03.09.2021 година. Бидејќи средствата се ограничени, редоследот на компаниите корисници на менторската поддршка ќе се определуваат по принципот прв пријавен прв услужен.

Сите информации за јавниот повик на ФИТР можете да ги најдете на следниот линк: https://fitr.mk/komercijalizacija2021/

За повеќе информации за нашата поддршка, контактирајте не во Бизнис Центарот при Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион .

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер