ДНЕВЕН РЕД ЗА 3-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР Печати
Вести

17.12.2021


Врз основа на член 68 став 5 од Статутот на Општина Демир Хисар (Службен гласник на Општина Демир Хисар бр. 3/02, 4/05, 7/09, 16/13, 18/14, 10/19 и 7/21/, член 51 став 1  и 2  од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар („Службен гласник на Општина Демир Хисар“ бр.3/02), на барање на градоначалникот на Општина Демир Хисар:

.

.СВИКУВАМ

Трета седница на Совет на Општина Демир Хисар

Седницата ќе се одржи на 22.12.2021 година (среда), со почеток во 10 часот во

салата за состаноци во Домот на пензионерите, Демир Хисар

.

- За присуство на седницата на Совет задолжително е носење на маски;

- Усвојување на записник од втора седница на Совет на Општина Демир Хисар.

.

За седницата го предлагам следниот:

.

ДНЕВЕН  РЕД

.

1.Донесување на Решение за верификација на мандат на член на Совет на Oпштина Демир Хисар.

2.Донесување на Одлука за утврдувaње на паричен надомест за секое новородено дете во Општина Демир Хисар во 2022 година.

3.Донесување на Одлука за утврдување  на паричен надомест за склучување на брак во Општина Демир Хисар во 2022 година

4.Донесување на Програма за активностите на Oпштина Демир Хисар во областа на социјалната заштита во 2022 година.

5.Донесување на Програма за активностите на Oпштина Демир Хисар во областа на спорт и млади во 2022 година.

6.Донесување на Програма за активностите на Oпштина Демир Хисар за поддршка на здруженија и фондации во 2022 година.

7.Донесување на Програма за дезинсекција и дератизација во Општина Демир Хисар за 2022 година

8.Донесување на Програма за активностите на Oпштина Демир Хисар во областа на здравствената заштита во 2022 година.

9.Донесување на Програма за јавно осветлување за 2022 година на подрачјето на Oпштина Демир Хисар.

10.Донесување на Програма за вршење на работите на одржување на јавната чистота во градот Демир Хисар во 2022 година.

11.Донесување на Програма за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Demir Hisar во 2022 година.

12.Донесување на Програма за изградба и реконструкција на патишта и улици во Демир Хисар за 2022 година.

13.Донесување на Програма за уредување на земјиште во Демир Хисар за 2022 година.

14.Донесување на Одлука за  изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со намена Е1.13 - Површински соларни и фотоволтаични електрани на КП 1853  за КО Слепче.

15.Донесување на Програмата за Урбанистички планови за Општина Демир Хисар за 2022 година.

16.Донесување на Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Демир Хисар за 2022 година.

17.Донесување на Програма за активности за еднакви можности на жените и мажите во Општина Демир Хисар за 2022 година.

18.Донесување на Решение за именување на членови во Комисија за изготвување на Програма за работа на Советот за 2022 година.

19.Донесување на Решение за именување на членови на Совет кои ќе учествуваат во постапката за склучување на бракови.

20.Формирање на Иницијативен одбор за изградба на Храм Св.Кирил и Методиј, Демир Хисар.

21.Предлози и прашања.

.

Напомена: За верификација на мандат задолжително да се носи Уверение за избор на советник од ОИК и документ за идентификација.

.

Бр.17-                                                          Совет на Општина Демир Хисар
15.12.2021 година                                                             Претседавач, 
Демир Хисар                                                               Љупчо Најдовски с.р.