ЕКО АКЦИЈА - РАСЧИСТЕНИ ДИВИ ДЕПОНИИ Печати
Вести

18.2.2022

.

cistene-diva-deponija-1

.

Општина Демир Хисар во соработка со Јавното комунално претпријатие, реализира акција за расчистување на диви депонии.
Како што информираа надлежните, односно ЈКП „Комуналец“, се работи на собирање на отпадот од огромни диви депонии на територијата на општината.
.
Градоначалникот Најдовски, ја поздрави еко акцијата и апелира до сите граѓани, одговорно, совесно и правилно да го фрламе отпадот за да не се создаваат нови диви депонии.
- Посветено работиме кон зголемување на јавната свест за животната средина, а во наредниот период интензивно и фокусирано ќе се ангажираме во спроведување на повеќе еколошки активности и проактивно ќе се грижиме, сè со цел да придонесеме за ефикасно унапредување и заштита на животната околина, бидејќи тоа е наша обврска и должност, истакна Најдовски.
.
cistenje-diva-deponija