ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР ГО НОСИ ПРИМАТОТ НА НАЈТРАНСПЕРЕНТНА ИНСТИТУЦИЈА Печати
Вести

23.5.2022

.

najstransparentna-opstina-demir-hisar-1

.

Во рамките на Меѓународната конференција за отворени податоци, која што се одржа од 18. до 20. мај, 2022 г. во Скопје, а во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ преку проектот на УСАИД за граѓанско учество, Општина Демир Хисар преку свој вработен активно учествуваше на панел дискусиите и презентациите.
Единствено општините Демир Хисар и Валандово беа поканети како најактивни во процесот на отворање на податоци. На порталот за отворени податоци data.gov.mk како и на својата веб - страница demirhisar.gov.mk.
.
Демир Хисар има објавено 51 податочен сет, со што е убедливо најдобра институција во државата. Со ова уште еднаш се потврдува фактот дека Општина Демир Хисар веќе подолг временски рок работи транспарентно, отчетно, одговорно и респонзивно - како услужен сервис на граѓаните.
Вклучувањето на граѓаните во процесите на донесување одлуки на локално ниво е суштински елемент на локалната демократија, базирана врз основа на принципите: транспарентност, пристапност, интегритет, свесност и отворени податоци како хоризoнтална област.
Овој голем успех е резултат на посветената колективна работа и воспоставување на поголема интерна кооперативност и професионално работење на општинската администрација.
.
najtransparentna-opstina-demir-hisar