ВОДИЦИ 2011
ОЛИВЕР ЈАНКУЛОВСКИ ВО ВАРДИНО, ДАНИЕЛ МРЕНОШКИ ВО СОПОТНИЦА И ПЕЦЕ НИКОЛОВСКИ ВО СЛЕПЧЕ, беа највештите и најсреќните пливачи кои го фатија Светиот Крст во осветените води на Црна Река и селските реки во Сопотница и Слепче. Сите посакаа годината што следува да биде среќна за нив и за нивните семејства.
Скоро без исклучок, сите изјавија дека чувството е неописливо. Некој од нив прв пат, но некој повеќепати скокал во светата вода, но само овој пат им се насмеала среќата, односно ја почувствувале божјата промисла.
Првпат градоначалникот Тони Ангелевски и пратеникот Живко Пејковски во придружба на највисоки претставници на јавниот живот во општината посетија три локации: Вардино – Бараково, Сопотница и Слепче. На најсреќните пливачи, градоначалникот и пратеникот им врачија пригодни подароци. Вардинци и Бараковци крстот го фрлаа од мостот на Црна Река, а среќата си ја пробаа 5 пливали.Во Сопотница, пред речи си илјадна публика и во кристалните изворски води Над Село, во ладните води се нурнаа дури 26 пливачи, а во Слепче, во завирените води се „фрлија“ 12 пливачи. Покрај подароците на градоначалникот и пратеникот, скоро сите добија „екстра„ подароци. На пример, Даниел Мреношки од Сопотница покрај подароците на градоначалникот и пратеникот, Злате Чамовски му подари ТВ приемник. Црковниот одбор во Слепче,со помош на локалните бизнисмени, најсреќниот пливач Пеце Николовски го награди, исто така со ТВ приемник.
Богојавленски свечености со одржаа и во други места во општината.
   
|