МИНИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ PDF Печати
Вести

Демир Хисар

09.02.2011

МИНИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ ВО ДЕМИР ХИСАР


Во Демир Хисар започнаа  јавната анкета и презентација на локалната планско урбанистичка документација за изградба на две мини хидроелектрани.

Станува збор за донесување на локална урбанистичка планска документација за изградба на две мини хиодроелектрични централи. Проектот за првата централа предвидува зафаќање на водотеците од Мала Река од с. Базерник, изградба на доводен цевковод до с. Бабино каде што ќе биде изграден таканаречениот машински дел од хидроцентралата.


Вториот проект кој што исто така е дел од јавната анкета и презентација, предвидува зафаќање на водотеците над селото Слоештица, доводен цевковод и изградба на таканаречениот машински дел од централата во непосредна близина на Слоештица.

За двата проекти, јавната анкета ќе трае до 14 – ти февруари. Истиот ден, ќе се одржи и јавна расправа и презентација во малата сала на Домот на културата со почеток во 12:00 часот.

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер