ТРАНСПАРЕНТНА ОПШТИНА Печати
Вести

ДЕМИР ХИСАР

11.02.2011

 

ОБУКА ОД ПРОЕКТОТ „ТРАНСПАРЕНТНА ОПШТИНА“

На 10.02.2010 година, во хотел “Капри“, Битола беа поканети и присуствуваа претставници од општините од Пелагонискиот регион, од општините Битола, Новаци, Могила, Ресен и Демир Хисар беа запознаени со проектот кој се спроведува трета година по ред, неговите цели и придобивки, досегашните постигнувања и она што ќе се работи во наредниот период, до месец мај, 2011 година, кога и се заокружува оваа програма за подигнување на транспарентното работење во општините.

На присутните им беше презентиран Правилникот за јавност во работата на општината од страна на експертот по транспаретност, Зоран Јачев, како и содржината од Планот за јавност во работата на општината. Тој ја нагласи потребата од примена на овие документи, со кои треба да се овозможи внатрешното и надворешно информирање во општините, односно се регулира начинот за организирање на колегиуми и начините на дистрибуција на заклучоците на насоките на работа во нив,потоа насоки како да се дефинираат прашања кои се од интерес за јавноста и критериуми за нивна селекција, како и процедурата за проток на информации од интерес за јавноста, начинот за тоа како да се обезбеди јавност во работата на Советот на општината, и потребата од формирање на тело за надзор над јавноста во работата на општината.

Општините веќе ги усвоиле двата документи, но укажаа од потребата од воспоставување на механизми за примена на овој важен документ во секојдневната работа на општините и да се обезбеди согласнот од сите раководители, како и Градоначалникот за примена на одредбите кои секако ќе им помогнат во обезбедувањето на јавност во работата на општината.

Општината Демир Хисар беше една од општините кои покажаа интерес за вклучување во понатамошната фаза од овој проект за директна техничка помош.

Во рамките на договорената техничка поддршка со ЗЕЛС и УСАИД, ваква дводневна обука ќе се спроведе и за раководителите на одделенијата на општинската администрација и Советот на општината Демир Хисар.

Организатор на обуката беше Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) во рамките на проектот „Транспарентна општина“.