ТРАНСПАРЕНТНА ОПШТИНА PDF Печати
Вести
ТРАНСПАРЕНТНА ОПШТИНА“ ВО ДЕМИР ХИСАР

 

Во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) и со поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), во текот на март, во Демир Хисар ќе биде спроведен дел од проектните активности од проектот „Транспарентна општина“.

Предвидено е преку работна средба со Градоначалникот, предавања за претставници на локалната самоуправа и советниците во Советот на општината, претставници на невладините организации, јавните претпријатија, бизнис секторот и месните заедници, да се изнајдат и утврдат начините на информирање во општината како и формите на комуникација со граѓаните.

Целта на проектот е да се воспостави конкретен начин на пренесување на вистинските и правилните информации до граѓаните, со што тие би се информирале за реализираните, тековните и идни планови и активности во работењето и функционирањето на општината, како и утврдување начин на заедничка комуникација за решавање на проблемите со кои што се среќаваат граѓаните.
На овој начин значително ќе се влијае во подобрувањето на комуникацијата помеѓу граѓаните и локалната самоуправа, во добивањето на правилна и вистинска информација.

Како дел од проектот „Транспарентна општина“, на 10 февруари о.г.  во Битола се одржа еднодневна обука за општините од Пелагонискиот регион за примената на Правилникот за транспарентност во работењето на општините на која што со свој претставник учествуваше и општината Демир Хисар.

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер