СИМБОЛИ
За Демир Хисар PDF Печати

KARTA_NA_DEMIR_HISAR

ОБЛАСТА  ДЕМИР ХИСАР

Демир Хисар, или како што во превод се нарекува Железна Планина, е област што се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија, или северозападно од Пелагониската низина, околу горниот слив на Црна Река со нејзините притоки. Во поголемиот дел,  релјефот е ридско – планински, а мал дел од течението на Црна Река е низински.

Посебен природен знак на обележување на областа се планините „Бигла“, „Илинска“ и „Плакенска Планина“. Највисокиот врв е 2000 м.н.в. и е природна граница помеѓу Демирхисарската и Преспанско – Охридската област.

Поради богатството на овие планини со железна руда, и областа го доби името „Железник“, кое се менувало во зависност од владетелите во различни историски периоди. Оваа област се среќава и под иметео Сидиро Кастро[1], што во превод од грчки, значи Железна Тврдина, а Демир Хисар е име што Турците и’ го дале на оваа област, што пак во превод од турски на македонски јазик значи Железна Планина.

ГРАДОТ И ОПШТИНАТА ДЕМИР ХИСАР

Населбата Демир Хисар почнува да се развива некаде од средината на декември 1945 година, кога во Демир Хисар е формирана општествено - политичка административна заедница - Околиски народен одбор, прво со седиште во с. Лопатица, а од пролетта 1946 година, по извршената територијална корекција, седиштето е пренесено во село Мургашево, со седиште во стариот Слепчeнски ан (на местото на денешната автобуска станица „Транскоп“).

Демир Хисар како урбана населба, од своето формирање постојано бележи пораст на населението. Во  1961 г. населбата броела 1129 жители, во 1981 - 2283, во 1985 – 2633, а во 2002 - 2593 жители. Тоа докажува дека луѓето од селските населби нагло ги напуштале своите домови и се населувале во Демир Хисар.

Денес, Демир Хисар е урбанизирана населба од градски тип која што ги има сите услови на мало градче. Изградена е електрична мрежа, водовод, одводна канализација, асфалтирани улици, улично осветление. Градот Демир Хисар е општински, административен центар на општината Демир Хисар.

Општината Демир Хисар  е поврзана со современи патишта со соседните градови Битола, Крушево, Кичево и Прилеп.

Општината Демир Хисар има 41 населено место каде што, според пописот во 2002 година, живеат 9497 жители. Целосно е исселено с. Лесково, а од пред неколку години, без ниту еден жител остана и с. Церово.





D.Hisar

Зградата на општината Демир Хисар

Demir_Hisar-2

Домот на културата „Илинден“

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер