Инфраструктура PDF Печати Е-пошта
Напишано од уредникот   
Вторник, 03 Мај 2011 19:37

ИНФРАСТРУКТУРА И ЈАВНИ УСЛУГИ

КОМУНАЛНА ИНФРАСТРУКТУРА


Водоводна инфраструктура

Населените места Демир Хисар (2.593), Слепче (719), Суводол (415) и Кутретино (301), кои имаат вкупно 4028 жители заедно со јавните установи (училишта, здравствени установи, детска градинка, производствени и услужни приватни капацитети и.т.н.), со вода за пиење се снабдуваат од градски водовод.

Водоснабдителен систем

Градскиот водовод се “опслужува“ од 2 бунари со вкупна издашност од 40-54 лит/сек (во зависност од периодот во годината), резервоарски простор  од вкупно 1.650 м3 и водоводна мрежа од 32.000 м1. Бунарите се наоѓаат кај с. Граиште и се  длабоки околу 12 метри. Преку потисен цевковод (ПВЦ цвки ф 250 мм и должина од 2.500 м1 ), водата се пумпа до пумпната станица што се наоѓа во населбата Мургашево. а оттаму, преку потисен цевковод (ПВЦ цевки со дијаметар ф 250 мм и должина од 1.750 м1), водата се препумпува до резервоар со капацитет од 1400 м3,  што се наоѓа над градот Демир Хисар. Од резервоарот водата гравитационо, преку мрежата стигнува до потрошувачите. За населеното место Слепче изградена е помошна пумпна станица, затоа што котата на резервоарот во Слепче е повисока од котата на резервоарот  во Демир Хисар.

Rezervoar

Табеларен преглед на состојба во останатите населени места

Tabela-vodosnabduvawe-smalena

Резервоарот во Демир Хисар е нова градба, додека на цевководот се врши сукцесивна реконструкција на делот каде што имаше азбест - цементни цевки. Поголемиот дел од мрежата е со ПВЦ цевки со пресек од 90 мм, работен притисок до 10 бари и е во добра состојба.

Изградена водостопанска инфраструктура

Акумулациони езера:

Мелиоративното подрачје на Општина Демир Хисар се обезбедува со акумулирана вода од изградените акумулациони езера кај селата Суводол и Стругово со следните карактеристики:

- Акумулација Стругово (месност „Крагуево“ - капацитет од 0,146х106 м3 вода;

- Акумулација Суводол 1 - капацитет од 0,085х106 м3 вода;

- Акумулација Суводол 2 - капацитет од 0,075х106 м3 вода;

Постои техничка документација за изградба на акумулација „Слепче“ кај истоименото населено место, со капацитет од 0,195х106 м3 вода.

Suvodol_1

Suvodol_2

 

АКУМУЛАЦИОНИ ЕЗЕРА „СУВОДОЛ 1“  И „СУВОДОЛ 2“


Зафати за наводнување:

- Зафат за наводнување (на река „Црна“) со систем за наводнување „Прибилци“ во должина од 1010 м1 (затворен канал);

- Зафат за наводнување на река ,,Жаба“ кај с.Растојца;

- Зафат за наводнување на река ,,Жаба“ кај с.Ново Село;

- Зафат за наводнување на река ,,Боишка“ кај с.Мренога и

- Зафат за наводнување на река ,,Бела“ кај с.Слоештица.

Заштитни водостопански објекти:

Регулирани дел од речни корита на „Стара Река“ во с.Обедник и Демир Хисар, „Сопотничка Река“ во с.Сопотница и „Журечка Река“ во с.Журче.

Одведување и пречистување на отпадни води

Организирано одведување на отпадните води, како од домаќинствата, така и од индустријата има во градот Демир Хисар, како и во селата Сопотница, Суводол - Кутретино, Слепче и Велмевци и Слоештица каде што е изградена примарна канализациска мрежа. Пречистителни станици за отпадни води има само во селата Сопотница и Суводол - Кутретино кои што заради технолошката застареност уште при набавката и монтажата (2005 - 2007), се скапи за одржување или не се воопшто вклучени.


 Изнесување и депонирање на комунален отпад

Организирано собирање, транспорт и депонирање на комунален цврст отпад од домаќинствата има само во градот Демир Хисар, Сопотница  и делумно, во село Кутретино.

Табеларен преглед на покриеноста на населените места со комунални услуги

Untitled-1_copy

Патна мрежа

 

Низ општина Демир Хисар минуваат 5 регионални патишта и тоа:

  • Регионален пат Р-416 ( Битола-Кичево) во должина од 36 км;
  • Регионален пат Р-417 ( Врска Р-416-Брежани) во должина од 16 км;
  • Регионален пат Р-512 ( Врска Р-416-Ропотово) во должина од 11 км;
  • Регионален пат Р-516 ( Врска Р-416-Крушево) во должина од 9 км;
  • Регионален пат Р-530 ( Врска Р-416-Ресен) во должина од 14 км

Табеларен преглед на состојба на локалните патишта по населени места

Tabela-patna_mreza

Електроенергетска инфраструктура

 

Сите населени места во општината Демир Хисар се електрифицирани во втората половина на минатиот век. Напојувањето со електрична енергија на општината Демир Хисар е од конзумното подрачје на „ЕВН“ Македонија, АД-Скопје, Подружница-Битола, а енергетската инфраструктура е претставена со: 10 KV, 35 KV далекувод, 68 трафостаници 10/0.4 KV, и нисконапонската мрежа во сите населени места.

Нисконапонскиот развод на општината Демир Хисар е изведен од дрвени и армирано - бетонски столбови. На тој начин е обезбеден нисконапонскиот развод за домаќинствата и индустријата.

Индустриските капацитети располагаат со сопствени дистрибутивни објекти, столбни ТС 10/0.4 KV со воздушни 10 KV приклучоци.

Расположивите електродистрибутивни капацитети се во рамките на потребните. Голем број на дрвени столбови се заменети со армирано - бетонски столбови и 1/3 од проводното јаже на далекуводите е заменето со ново проводно јаже и поголем пресек на истото, така што значително  е подобрено снабдувањето со електрична енергија.

           

Комуникациска инфраструктура

Во општина Демир Хисар со комуникациската инфраструктура се опфатени: поштенскиот и телефонскиот сообраќај. Во општината постојат 3 (три)  поштански објекти, во Демир Хисар, Жван и Смилево.

Во овие објекти се вршат поштенски услуги: прием на писма, пакети, уплата и исплата на парични средства и сл.

Со фиксната телефонија опфатени се корисници во 33 населени места, додека во останатите 8 населени места кои се планински, имаат телефонска говорница која работи со сателитски сигнал. Расположивите капацитети се во рамките на потребните, а во телефонските централи и подземните телефонски кабли има резерва за проширувањата.

Водењето на телефонските водови во општината Демир Хисар е со подземни кабли и бетонски столбови.

Задоволителна е покриеноста со сигнал на сите мобилни оператори на територијата на целата општина освен во  2 - 3 населени места каде што заради специфичната конфигурација на теренот, сигналот е со извесни пречки.


Последно освежено на Среда, 07 Декември 2011 19:36
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер