Историја PDF Печати

ДЕМИР ХИСАР

Општината започна да се развива некаде во 1945 г., после завршувањето на Втората светска војна. Прво во Демир Хисар беше формирана политичко - општествено административна заедница - Околиски народен одбор. Неговото седиште беше во селото Лопатица, но потоа со промените на територијалните и урбаните закони во Републиката тоа беше преместено во Мургашево.

Демир Хисар е познат револуционерен крај во кој што за случиле значајни настани за македонската историја, во Илинденскиот период, но и за време на Народноослобидителната борба. Демир Хисар е родниот крај или вечното почивалиште на познати македонски револуционери и војводи: Даме Груев и Ѓорѓи Чуранов од Смилево, Комитите од четата на Веле Марков („Милток“): Марко Хр. Алексовски ("Мирче") од с. Сопотница, Ѓорѓија Христов, од с. Света (познат како Ѓорѓија Рало Скршениот), Стојан Иванов Јошевски, од с. Жван,  Најдо Велјановски - Черга од Ракитница, потоа, Алексо Стефанов од Радово, Никола Врбовски - Врбата од Брезово, Ангеле Секуловски од Базерник, демирхисарскиот војвода со козичко потекло (од с. Козица, Кичевско), Јордан Силјанов - Пиперката и неговите соборци Милош Трајковски и Кузман Тодоровски од Бабино и  Мијајле Стојанов Филипоски од Велмевци,  селчанецот (од с. Селце, Крушевско) и крушевски апостол Веле Марков и многу други.

Georgi_Churanov__-________

                 Ѓорѓи Чуранов          Ѓорѓи Чуранов, Атаназ Лозанчев и Лука Геров

       (1860 - 1956 во Смилево)

                                                                                                   (во Смилево 1941 г.)

Ilinenski_vodaci_vo_Smilevo-1-kmetot_na_Bitola-Nencev2-Georgi_Pophristov_3-svestenik_Toma_Nikolov4-Georgi_Churanov5-Gen.Ivan_Marinov6-Atanas_Lozancev_i_7-Inz.Hristo_Stanisev

   Илинденски водачи во Смилево - 1941 г.           

1. Кметот на Битола-Ненчев, 2. Георги Попхристов, 3. Свештеникот Тома Николов,

4. Георги Чуранов, 5. Ген. Иван Маринов, 6. Атанас Лозанчев и 7. Инж. Христо Станишев

Praznuvanje_na_Ilinden_vo_1941_g.-smalena

Поклонение на Илинденците пред куќата на Даме Груев во Смилево

(празнување на Илинденското востание 2 - 3  август 1941 г.)

Smilevo_-_poetokot_na_2o_vekСМИЛЕВО

(фотографија од почетокот на XX век)

На оддалеченост од  малку повеЌе од 9 километри од регионалниот пат Демир Хисар - Битола, од месноста Мраморица, на крајниот јужен дел на територијата на општината Демир Хисар, чиј атар се издига на Плакенска Планина, се наоѓа историската населба, позната уште од времето на Илинденското востание - Смилево.

Ридско село на надморска височина од 880 метри, обвиено со дабова и букова шума, пасишта  и околу 100-тина хектари обработливо земјиште.

Од Смилево се иселил голем дел од населението и селото преминало од голема во средна населба, населена претежно со македонско население. Смилево една од неколкуте мијачки оази во Република Македонија во која што, надвор од малореканската етничка средина, живеат Мијаци.

Смилево, како ретко кое село во Македонија има богато историско минато, за што сведочат бројните споменици, како од Илинденскиот период, така и од НОБ. Во непосредна близина на смилевското средсело се наоѓаат споменикот на  паднатите Илинденци, спомен костурницата на Даме Груев, како и мермерна плоча во спомен  на учесниците НОБ.

Во Смилево е роден македонскиот револуционер  и организатор на македонското народноослободително движење од илинденскиот период, Даме Груев.

_

Даме Груев

(1897-1906)

Дамјан Јованов Груев (Смилево,19 јануари, 1871 - Русиново, 23 декември. 1906) бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, еден од основачите на Македонската револуционерна организација, претседател на Смилевскиот конгрес, раководител на Илинденското востание и член на Главниот штаб на Битолскиот револуционерен округ.

Смилевскиот конгрес

Од 2-ри до 7-ми мај 1903  година се одржал  познатиот Смилевски Конгрес. На ова комитско  револуционерно заседание донесена е одлуката за кревање на Илинденското востание, изработен е востаничкиот дисциплински устав и е избран главниот Штаб на чело со смилевецот Даме Груев. Главниот Штаб имал задача да ја одреди датата за кревање на востанието.

Смилевскиот конгрес ја завршил својата работа длабоко во ноќта на 7 мај 1903 година. На 27 јули, кај селото Буф (Леринско), (Леринско) ГШ како ден за објавување на востанието го определил 2 август.

На 28 јули, од селото Боишта (Демирхисарско), Штабот преку брзи курири испраќа проглас за востанието во сите краишта на Битолскиот револуционерен округ.

Поради напаѓањето на патничките, железничките, телеграфските и поштенските врски била испратена декларација, а до Големите Сили да не патуваат нивни граѓани на железницата Битола - Солун, за да не дојде до несакани жртви. Илинденската епопеја била на прагот.

Muzej_vo_Smilevo

 Спомен музеј „СМИЛЕВО“ Смилево

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер