Месна самоуправа PDF Печати

Месна самоуправа општина Демир Хисар

Во општина Демир Хисар егзистираат 39 месни и една урбана заедница.

Месни заедници во селата: Бабино, Базерник, Бараково, Белче, Боиште, Брезово, Вардино, Велмевци, Вирово, Големо Илино, Граиште, Доленци, Единаковци, Жван, Железнец, Журче, Загориче и Утово, Зашле, Кочиште, Кутретино, Мало Илино, Мренога, Мургашево, Ново Село, Обедник и Лесково, Прибилци, Радово, Ракитница, Растојца, Света, Сладуево, Слепче, Слоештица, Смилево, Сопотница, Стругово, Суво Грло, Суводол и Церово.

Урбана заедница во градот Демир Хисар.

Граѓаните во општината ги основаат месните заедници заради остварување на уставното право на месна самоуправа, како облик на изразување на нивниот заеднички интерес и заради давање придонес за решавање на нивните секојдневни потреби во непосредната околина на подрачје за кое тие се основани и вклучување во системот на одлучување во локалната самоуправа.

            Надлежности на месните заедници се:

-       разгледување и заземање ставови за прашања од непосредно и секојдневно значење за животот и работата на жителите од тоа подрачје,

-       утврдување предлози за прашањата од непосредно и секојдневно значење за животот и работата на жителите од тоа подрачје,

-       одлучување за одделни прашања што не се исклучени од нивна надлежност или не се во надлежност на органите на општината и органите на државната власт.

 

Граѓаните во месната заедница расправаат, даваат иницијативи за донесување одлуки и други прописи, даваат иницијативи за остварувањето на заедничките интереси, им даваат предлози на надлежните органи и преземаат мерки за разрешување на локални и проблеми областа на:

-       комуналните дејности (снабдувањето со вода и одведувањето на отпадните води, одржување на хигиената и зеленилото, изградбата и одржувањето на патната мрежа, уредувањето и одржувањето на гробиштата во селата и др.);

-       заштитата на животната средина (заштита од загадување на водата, воздухот и почвата, заштита од прекумерна бучава и др.);

-       урбанистичко уредување на просторот;

-       јавниот превоз на патници;

-       образованието, здравството и социјалната заштита;

-       културни, забавни и спортски манифестации и одржувањето на објектите  од јавен интерес;

-       развивањето на добрососедските односи;

-       снабдувањето со стоки и услуги, како и заштитата на потрошувачите;

-       други прашања од секојдневно значење за животот и работата на граѓаните.

                                                                        

Месните заедници имаат право да даваат иницијативи и предлози за решавање на определени прашања од страна на општината, како и да бараат од општината да ги покренува тие прашања пред други надлежни органи.

Месните заедници даваат предлози до органите на Општината за членови на посебните тела на општинaта кои разгледуваат прашања од областа на урбанизмот, заштитата на потрошувачите, односите меѓу  заедници застапени во општината, како и за други прeдлози  за кои тоа е предвидено со закон, статутот и другите прописи на општината.

Месните заедници вршат и определени работи од надежност на Општината, доколку им бидат доверени од градоначалникот.

Средствата за вршење на пренесените работи ги обезбедува Општината.

   - Опфат на месните заедници--------------------------- (превземи тука);

   - Одлука за правилата на месните заедници-------- (превземи тука);

   - Одлука за распишување избори --------------------- (превземи тука);

   - Дневен ред избори месни заедници ----------------- (превземи тука).

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер