Јавни претпријатија и установи
ЈУДГ „2 Септември“ |
![]() |
![]() |
ЈАВНА ОПШТИНСКА УСТАНОВА ЗА ДЕЦА ДЕТСКА ГРАДИНКА „ВТОРИ СЕПТЕМВРИ“ Историјат и општи информации Детската граадинка во Демир Хисар е основана на 31.10.1978 година, со Одлука na Општинската самоуправна заедница за општествена заштита на децата (ОСИЗ), со назив “Комбинирана детска установа“. Институцијата располага со објект од 1000 м2 и дворна површина од 2000 м2. Дејноста се извршува во 7 занимални со вкупна површина од 300 м2 наменети за детски јасли и градинка, сала за разновидни активности и други простории. Дејност Дејноста на детската градинка е, згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст. Истата се остварува преку згрижување, престој, нега, исхрана, воспитание, образование, спортско – рекреативни и културно – забавни активности, мерки и активности за подобрување и зачувување на здравјето, поттикнување на интелектуалниот, емоционалниот, физичкиот, менталниот и социјалниот развој на детето до шестгодишна возраст, односно до вклучување во основното образование. Глобални визии Со оглед на значењето на предучилишното воспитание и образование, се наметнува потребата, во иднина, во општината Демир Хисар, секое дете да биде опфатено со некој вид предучилишно воспитание и образование. Можните решенија се гледаат низ неколку глобални визии на установата: - целосно вложување и ангажирање на постојниот кадар и искористување на просторот; - организирање на „патувачка“ градинка; - организирање на алтернативни установи со полудневна програма; - обука на родителите на деца во насока на позитивен став за значењето на образованието за сите деца; - перманентно усовршување на воспитно - образовниот кадар итн.
Реализирани проекти - промена на стандардите за работа со деца од 6 години; - подобрена исхрана според прописите на Заводот за домаќинство; - целосна замена на старите радиоактивни салонит табли со пластифицирана ламарина; - набавка и замена на теписи и патеки во занимални, аудио, видео и бела техника, дидактички материјал, внатрешно осветление и др. Адреса: ЈОУД Детска градинка „Втори септември“ ул. Маршал Тито, бб, 7240 Демир Хисар Телефон/факс: (+389) 276 141 E - mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите Директор, Андријана Цветковска |