ОПШТИНАТА ГИ АНГАЖИРА СОПСТВЕНИТЕ КАПАЦИТЕТИ ЗА УСПЕШЕН ПОЧЕТОК И ТЕК НА ТРАДИЦИОНАЛНАТА ШКОЛА
Демирхисарската летна школа прерасна во препознатлив научно-едукативен бренд. Според својот формат, концепција, број на учесници, теми и учество на релевантни државни образовни и научни институции и едукатори, а особено според бројот на заинтересирани студенти, дипломци, магистранди и докторанди, е пред сите слични т.н. летни работилници.
Школата традиционално ја предводи познатиот македонски и балкански византолог, проф.д-р Сашо Цветковски, научен советник во ЦИКН „Цветан Грозданов“ при МАНУ и дописен член на МАНУ, како и познати универзитетски професори од државниот Универзите „Св. Кирил и Методиј “ Скопје – проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев, проф.д-р Елизабета Касапова, проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, проф. д-р Виктор Недески и проф. д-р Тони Филиповски од Институтот за историја.
На 7ми јули, Иванден, во манастирот Св. Јован Претеча Слепче којшто е соорганизатор на Школата, се одржува симболичниот почеток на Школата, а на 8ми јули почнуваат теренските и наставно-теоретските активности.
Во рамките на програмата, во попладневната сесија од првиот работен ден, 8.7.2024, предавање за житието на светата преподомномаченичка Стефанида Битолско-Скадарска, ќе одржи отец Серафим, игумен на манастирот Св. Јован Претеча Слепче.
Демирхисарската летна школа ја финансираат Општина Демир Хисар и манастирот Св. Јован Претеча, а ја поддржува и Министерството за култура.
ПРОГРАМА