Шест граѓански организации членки на Форумот за граѓански дијалог (НВО Инфоцентар, Спектар, Граѓанска иницијатива на жени од Свети Николе, Гласен Текстилец, Младински културен центар-Битола и Центар на заедницата на општина Струга) сакаат да го поттикнат учеството на граѓаните во креирањето политики и услуги на локално ниво.
Доколку живеете во општина Демир Хисар, ве покануваме, да издвоите неколку минути и да го пополните овој анонимен прашалник, кој има за цел да го сондира мислењето на жителите на општината, за најголемите локални проблеми и приоритети, како и степенот на нивна реализација: https://docs.google.com/…/1FAIpQLScBVxtsnkllDB…/viewform
НВО Инфоцентарот и локалните граѓански организации ја мониторираат отчетноста на општините и нивните механизми за вклучување на граѓаните. Во изминатите години реализирани се дваесетина мониторинг активности. Создадена е неформална мрежа на граѓански организации – Форум за граѓански дијалог (ФГД) која пред локалните избори, но и по формирањето на локалните власти, организира консултативни средби на граѓаните, локалните изборни канидидати/локалните власти за детектирање и реализација на локалните граѓански приоритети. ФГД во континуитет ја следи реализацијата на граѓанските приоритети во шест општини (Штип, Крива Паланка, Свети Николе, Струга, Демир Хисар, Крушево). За реализација на граѓанските приоритети потпишани се меморандуми со општините: Штип, Крива Паланка, Струга, Демир Хисар и Крушево.