На Вики Кампот кој викендов се одржа во Струга, ученичката од ООУ „Гоце Делчев“, Љубица Калаповска го освои II-то место на национално ниво, со преведени и уредени 14 статии за Википедија на македонски јазик, на тема: „Климатски промени и зелена транзиција”.
На овој камп, за прв пат беше овозможено бесплатно учество со полн пансион на 4 ученици од ООУ „Гоце Делчев“, Демир Хисар, а истото е резултат на Меморандумот кој на иницијатива на Локалниот-економско социјален совет, градоначалникот Никола Најдовски го потпиша со претставници на Американската фондација „Викимедија“.
Останатите ученици од Демир Хисар, исто така, постигнаа забележителни резултати и заеднички успеаа да преведат и уредат над 30 статии од англиската на македонската Википедија, со што дадоа исклучително значаен и траен придонес за збогатување на содржините на Википедија, односно за афирмација на македонскиот јазик и неговото кирилично писмо.
Соработката со Википедија продолжува и понатаму, a во наредна фаза е планирано формирање на Сениор Вики клуб во Демир Хисар, кој ќе биде обучен да создава нови содржини на Википедија на македонски јазик, со акцент на промовирање и афирмирање на културното и историско наследство на Општина Демир Хисар, со што ќе се зголеми туристичката атрактивност на нашето поднебје.