ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Ден на регионалниот развој во Пелагонискиот регион

На 17.12.2024 во Битола за прв пат се одржа Ден на регионалниот развој во Пелагонискиот регион – промотивен настан во рамките на кој се одржа и плодна панел диксусија со заклучоци и препораки.

🎯Настанот се одржа под мотото за “За паметен, зелен и инклузивен Пелагониски регион”и е дел од серијата на вакви настани кои се реализраат ширум нашата држава односно во секој плански регион по еден.

✔Денот на региналниот развој се реализира во рамките на проектот: Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој кој е финансиски поддржан од страна на Министерството за локална самоупрва и Владата на Швајцарија.

🎯Целта на одржувањето на Денот на регионалниот развој е афирмација и промоција на одржливиот регионален развој, презентација на сработените регионални проекти од страна на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион како и согледување на предизвиците и можностите за развој на Пелагонискиот регион како и споделување на визијата за тоа каков регион и какви можности согледуваат сите наши регионални чинители. Како и да придонесе во подобро разбирање на начинот на којшто се остварува одржливиот развој, кои ни се предносите и потенцијалите кои можеме да ги искористиме, предизвиците кои мораме да ги адресираме и како заеднички до поразвиен и посилен Пелагониски регион.

🤝Присутните беа поздравени од страна на Директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион г-дин Јосиф Балтов и Претседателот на Советот за развој на регионот – Градоначалникот на Општина Демир Хисар г-дин Никола Најдовски.

На панел дискусијата на тема “За паметен, зелен и инклузивен Пелагониски регион” панелисти беа:

Проф д-р Игор Неделковски – Ректор на Универзитетот Св.Климент Охридски Битола и редовен професор на ФИКТ

• Проф д-р Рената Петревска Нечкоска – Професор на Економски Факултет Прилеп и Академски раководител на Европската Универзитетска Алијанса КОЛОРС при УКЛО

• Проф д-р Даме Димитровски – Редовен професор на Машински Факултет при УКИМ

📢Се дискутираше за предизвиците, приоритетите можностите за развој на Пелагонискиот плански регион и за тоа каде различните чинители ја гледаат иднината на регионот во однос на следење на трендовите на одржливиот развој како и на кој начин би можеле да се справиме со глобалните предизивици кои го таргетираат и Пелагонискиот регион.

🗣На настанот беше истакнато дека активностите и проектите кои во Пелагонискиот регион се реализираат со цел постигнување на регионален развој се пример за тоа како соработка на регионално па и прекугранично ниво може да донесе конкретни резултати за доброто на нашите граѓани на локално ниво.

Skip to content