ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

ДНЕВЕН  РЕД 42-ра седница на Совет на Општина Демир Хисар, 14.11.2024

Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа(,,Сл.весник на Р.М”бр.5/02 и Сл.весник на РСМ бр.202/24 ),член 60 од Статутот на Општина Демир Хисар(„Сл. гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02, 4/05, 7/09, 16/13, 18/14, 10/19, 7/21 и 21/23 ), како и член 53 од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар („Сл. гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02) донесувам:

Р Е Ш Е Н И Е

За свикување на 42-ра седница на Совет на Општина Демир Хисар

Седницата ќе се одржи на ден  14.11.2024 година (четврток ) со почеток во  11 часот  во Салата за состаноци во Домот на пензионери Демир Хисар

-Усвојување на записиник од 41-ва седница на Совет на Општина Демир Хисар

За седницата го предлагам следниот:

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

  1. Усвојување на Квартален Извештај за извршување на Буџетот на Општина Демир Хисар за извештаен период (кумулативно) за квартал од 01.01.2024 до 30.09.2024 година.
  2. Измени и дополнување на Буџетот на општина Демир Хисар за 2024 година (втор ребаланс).
  3. Донесување на Одлука за превземање на долг кој ЈКП „Комуналец“ Демир Хисар го има кон ЕВН Хоме и Електродистрибуција.
  4. Донесување на Одлука за кофинансирање на проектот „Подобрување на условите за живеење во с.Белче преку реконструкција на локална улица бр.2“.
  5. Донесување на Одлука за кофинансирање на проектот „Подобрување на условите за спорт и рекреација на младите преку изградба на спортски игралишта“.
  6. Донесување на Одлука за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичко планска документација.
  7. Усвојување на Финансиски извештај на ЈП „Дехи Транс“ Демир Хисар за период од 01.01.2024 до 30.09.2024 година.
  8.  Давање Согласност на Ценовник со спецификација за зимско одржување на локални патишта во општина Демир Хисар за 2024-2025 година.
  9. Извештај од извршениот увид во врска со заклучокот за безбедност на сообраќајот на патиштата и улиците на подрачјето на општина Демир Хисар.
  10.  Донесување на Одлука за доделување на финансиски средства на Сања Шилковски.
  11.  Предлози и прашања

Ве молиме за задолжително присуство, а евентуално отсуство јавете се на телефоните 047-552-661 и 076-359-831 во Општина Демир Хисар или кај Претседателот на Совет на телефон 077-937-362.

Бр.17- 1065/1Совет на Општина Демир Хисар
06.11.2024 годинаПретседател
Демир ХисарЉупчо Најдовски

                                                                                                                                                                                                                         

Skip to content