Врз основа на член 53 од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар („Службен гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02) се донесува:
.
РЕШЕНИЕ
За свикување 12-та седница на Совет на Општина Демир Хисар
Седницата ќе се одржи на 27.07.2022 год. (среда), со почеток во 9.00 ч., во салата за состаноци во Домот на култура „Илинден“, Демир Хисар
.
- Усвојување на записник од 11. седница на Совет на Општина Демир Хисар
.
За седницата го предлагам следниот:
.
ДНЕВЕН РЕД
.
1.Донесување на Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Демир Хисар за 2022 година.
2.Донесување на Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Oпштина Демир Хисар за 2022 година.
3.Донесување на Одлука за формирање на Партиципативно тело за Урбанистичко планирање на Општина Демир Хисар.
4.Донесување на Деловник за работа на Партиципативното тело за Урбанистичко планирање на Општина Демир Хисар.
5.Донесување на Решение за избор на членови на Иницијативен одбор за формирање на Локално собрание на млади на Општина Демир Хисар.
6.Донесување на Одлука за давање на користење и управување на Мултифункционалниот Центар во с.Слоештица.
7.Донесување на Одлука за прифаќање на намери од компанијата Р-ВЕЈ ДООЕЛ Скопје и склучување на договор за изработка на студија за Општински развој – скрининг (изработка на економски катастар на ресурси и потенцијали) на Општина Демир Хисар.
8.Разгледување на барање од Благоја Шундовски од Демир Хисар.
9.Предлози и прашања.
.
Бр.17-944/1 Совет на Општина Демир Хисар
20.7.2022 година Претседател
Демир Хисар Љупчо Најдовски
Бр.17-944/1
20.7.2022 година
Демир Хисар
Совет на Општина Демир Хисар
Претседател
Љупчо Најдовски