Врз основа на член 53 од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар
(„Службен гласник на Општина Демир Хисар бр.3/02“), се донесува:
.
.
РЕШЕНИЕ
За свикување на 15-та седница на Совет на Општина Демир Хисар
Седницата ќе се одржи на 14.10.2022 година (петок), со почеток во 10 часот во салата за состаноци во Домот на пензионерите, Демир Хисар
.
Претходно, Известување до Советниците, во кое се вели:
.
Ве информираме дека, пред да започне 15-тата седница на Совет на Општина Демир Хисар, ќе се дозавршат следните точки од претходната 14-та седница, и тоа:
.
14. Донесување на Одлука за давање согласност на Одлуката за корекција на цената за комунална услуга собирање на куќен и дворен смет.
15. Донесување на Одлука за укинување на Одлука за утврдување на паричен надоместок за склучување на брак во Општина Демир Хисар во 2022 година.
16. Иницијатива за укинување на надомест за остварување на правото на еднократна парична помош.
17. Предлози и прашања.
.
Во продолжение Дневен ред за 15-та седница на Совет на Општина Демир Хисар:
.
ДНЕВЕН РЕД
.
1. Донесување на Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Демир Хисар за 2022 година.
2. Донесување на Одлука за преземање на водовод во Единаковци.
3. Донесување на Оперативна програма за организирање и функционирањето на зимската служба на подрачјето на Општина Демир Хисар за сеозна 2021/2022 година.
4. Донесување на Одлука за вклопување на бесправно изградени објекти во идна урбанистичко планска документација.
5. Предлози и прашања.
.
Бр.17-1278/1 Совет на Општина Демир Хисар
7.10.2022 година Претседател
Демир Хисар Љупчо Најдовски