Врз основа на член 53 од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар („Службен гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02) се донесува:
.
РЕШЕНИЕ
За свикување 17-та седница на Совет на Општина Демир Хисар
Седницата ќе се одржи на 21.12.2022 год. (среда), со почеток во 11 часот
Во салата за состаноци во Домот на пензионерите, Демир Хисар
.
– усвојување на Записник 16. седница на Совет на Општина Демир Хисар;
– усвојување на Записник ИТНА седница на Совет на Општина Демир Хисар.
.
За седницата го предлагам следниот:
.
ДНЕВЕН РЕД
1. Донесување на Одлука за давање согласност за намена на инвестиција и за обезбедени средства како сопствено учество за реализација на проектот „Подобра социјалната инклузија преку изградба на инфраструктура за млади, спорт и рекреација во руралните и урбаните средини во Пелагонискиот регион“.
2. Донесување на Одлука за утврдувaње на паричен надомест за секое новородено дете во Општина Демир Хисар во 2023 година.
3. Донесување на Одлука за доделување на еднократна парична помош на семејства кои имаат запишано прваче во учебната 2023/2024 година во општинските основни училишта на подрачјето на Општина Демир Хисар.
4. Донесување на Програма за активностите на Oпштина Демир Хисар во областа на социјалната заштита во 2023 година.
5. Донесување на Програма за активностите на Oпштина Демир Хисар во областа на спорт и млади во 2023 година.
6. Донесување на Програма за активностите на Oпштина Демир Хисар за поддршка на Здруженија и фондации во 2023 година.
7. Донесување на Програма за дезинсекција и дератизација во Општина Демир Хисар за 2023 година.
8. Донесување на Програма за активностите на Општина Демир Хисар во областа на здравствената заштита во 2023 година.
9. Донесување на Програма за јавно осветлување за 2023 година на подрачјето на Општина Демир Хисар.
10. Донесување на Годишна програма за вршење на работите на одржување на јавната чистота во градот Демир Хисар во 2023 година.
11. Донесување на Програма за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Демир Хисар во 2023 година.
12. Донесување на Програма за изградба и реконструкција на патишта и улици во Демир Хисар за 2023 година.
13. Донесување на Програма за уредување на замјиште во Демир Хисар за 2023 година.
14. Донесување на Програмата за Урбанистички планови за Општина Демир Хисар за 2023 година.
15. Донесување на Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Демир Хисар за 2023 година.
16. Усвојување на Финансиски извештај на ЈКП „Комуналец“, Демир Хисар за период од 01.01.2022 година до 30.09.2022 година.
17. Донесување на Решение за давање согласност на предлог Статут на ЈКП „Комуналец“, Демир Хисар.
18. Донесување на Решение за именување на членови во Комисија за изготвување на Програма за работа на Советот за 2023 година.
19. Донесување на Решение за разрешување и именување на член на Комисија за мандатни прашања избори и именување.
20. Донесување на Решение за разрешување и именување на член на Статутарното правна комисија.
21. Донесување на Решение за разрешување и именување на член во Партиципативно тело за УП на Општина Демир Хисар.
22. Предлози и прашања.
.
Бр.17-1498/1 Совет на Општина Демир Хисар
13.12.2022 година Претседател
Демир Хисар Љупчо Најдовски