Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

ДНЕВЕН РЕД ЗА 33-та СЕДНИЦА НА СОВЕТ

Врз основа на член 53  од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар („Службен гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02) донесувам

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување 33-та седница на  Совет на општина Демир Хисар

Седницата ќе се одржи на 08.02.2024 година (четврток) со почеток во 12 часот во Салата за состаноци во Домот на пензионерите

 Демир Хисар

-Усвојување на записник од 32 ра седница на Совет на општина Демир Хисар

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

  1. Донесување на Буџет на општина Демир Хисар за 2024 година.
  2. Донесување на Одлука за извршување на Буџетот на општина Демир Хисар за 2024 година.
  3. Донесување на Одлука за благајнички максимум на општина Демир Хисар за 2024 година.
  4. Донесување на Одлука за кофинансирање на проект „Подобрување на условите за живеење во Демир Хисар, преку реконструкција на тротоар на ул. „Битолска“, Општина Демир Хисар“.
  5. Усвојување на Квартален извештај за реализација на буџетот на општина Демир Хисар за извештајнот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2023 до 31.12.2023 година.
  6. Донесување на Одлука за дополнување на Програмата за урбанистички планови на општина Демир Хисар за 2024 година.
  7. Донесување на Одлука за отуѓување на земјиште во Сопотница КП 1265 400м2 КО Сопотница сопственост на општина Демир Хисар.
  8. Предлози и прашања.      

Напомена: Седничкиот материјал за точките 1, 2 и 3 ви е доставен со седничкиот материјал од 31 вата седница. Ве молиме за задолжително присуство, а за евентуално отсуство јавете се на телефоните 047 552-661 и 076-359-831 во Општина Демир Хисар или кај Претседателот на Совет на телефон 077-937-362.

Бр.17-150/1
01.02.2024 година
Демир Хисар
Совет на Општина Демир Хисар
Претседател
Љупчо Најдовски
Skip to content