Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

ДНЕВЕН РЕД ЗА 40-TA СЕДНИЦА НА СОВЕТ

Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа(,,Сл.весник на Р.М”бр.5/02),член 60 од Статутот на Општина Демир Хисар(„Сл. гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02, 4/05, 7/09, 16/13, 18/14, 10/19, 7/21 и 21/23), како и член 53 од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар („Сл. гласник на Општина Демир Хисар“ бр.3/02) донесувам:

Р Е Ш Е Н И Е

За свикување на 40-та седница на Совет на Општина Демир Хисар

Седницата ќе се одржи на ден 27.09.2024 година (петок) со почеток во 11 часот

во Салата за состаноци во Домот на пензионери Демир Хисар

-Усвојување на записиник од 39-та седница на Совет на Општина Демир Хисар

За седницата го предлагам следниот:

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

  1. Донесување на ОПЕРАТИВНА ПРОГРАМА за организирање и функционирање на Зимската служба на подрачјето на Општина Демир Хисар за сезона 2024/2025 година.
  2. Усвојување на Годишен извештај за работа на СОУ „Крсте П. Мисирков“  Демир Хисар за учебната 2023/2024 година.
  3. Усвојување на Годишна програма за работа на СОУ „Крсте П. Мисирков“ Демир Хисар за учебната 2024/2025 година.
  4. Давање согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици од 25 во СОУ „Крсте П Мисирков“ Демир Хисар за 2024/2025.
  5. Усвојување на Годишен извештај за работа на ЈОУДГ „Втори Септември“ Демир Хисарт за учебната 2023-2024 година.
  6. Усвојување на Годишна Програма за 2024/2025 година на ЈОУДГ „Втори Септември“ Демир Хисар.
  7. Усвојување на Развоен план на ЈОУДГ „Втори Септември“ Демир Хисар за период од 2024 до 2027 година.
  8. Донесување на Одлука за давање согласност за зголемен односно намален број на деца во воспитните групи за 2024/2025 во ЈОУДГ „Втори Септември“ Демир Хисар.
  9. Донесување на Одлука за давање согласност за работно време во ЈОУДГ „Втори Септември“ Демир Хисар за 2024/2025 година.
  10. Донесување на одлука за давање согласност на Годишен план за вработување на ЈОУДГ „Втори Септември“ Демир Хисар за 2025 година.
  11. Информација за колку проекти има готови, колку се во постапка за реализација.
  12. Предлози и прашања.

Напомена: Седничкиот материја за точката 3 кој се однесува на Програмата за работа на СОУ „Крсте П. Мисирков“ Демир Хисар за 2024/2025 ќе ви биде доставена по електронски пат на вашата е-mail адреса поради обемност на материјалот не сме во можност да ви го доставиме во печатена форма.

Ве молиме за задолжително присуство,а евентуално отсуство јавете се на телефоните 047-552-661 и 076-359-831 во Општина Демир Хисар или кај Претседателот на Совет на телефон 077-937-362.

Бр.17- 884/1Совет на општина Демир Хисар
20.09.2024 годинаПретседател
Демир ХисарЉупчо Најдовски

                                                                                                                                                                                                                                                                                                       

Skip to content