ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР, НИКОЛА НАЈДОВСКИ, ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН!!!

На 27.11.2024 година во просториите на општина Могила се одржа 20тата Седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион.

На седницата беа разгледувани тековните и идните регионални проекти, финансиското работење на Центарот и усвоена беше Комуникациската стратегија на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион 2024-2026 година. Покрај тековните точки, согласно процедурите а по истекот на мандатот на досегашниот претседател на Советот за развој на регионот г-дин Јован Тозиевски, Советот едногласно за нов претседател на Советот за развој на Пелагонискиот Плански регион го избра Градоначалникот на општина Демир Хисар г-дин Никола Најдовски. Градоначалниците од сите општини се заблагодарија на досегашното успешно водство на претседателот Јован Тозиевски и му посакаа успешен и плоден мандат на новиот претседател г- дин Никола Најдовски.

По исцрпување на дневниот ред 20-тата Седница на Советот на регионот беше успешно завршена.

Skip to content