Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

ИЛИНДЕН ВО СМИЛЕВО, 2022

– Покана за присуство и учество на манифестацијата

Почитувани,

.

Ве покануваме на заедничко традиционално чествување во село Смилево, а по повод големиот христијански и национален празник, Илинден – величието на националната свест, на 2. Август, Илинден – Денот на Републиката, под покровителство и организација на Општина Демир Хисар.

Свеченостите, согласно утврдена програмска содржина, започнуваат на 2.8.2022 год., ден вторник, со почеток во 9.00 часот со полагање цвеќе пред спомен костурницата на великанот Даме Груев и на славните Смилевци – Илинденци.

Централната општинска церемонија со кои величествено и достоинствено ќе се одбележи 119 години Илинден, 80 години од првата борбена акција на Битолско – Преспанскиот Партизански одред „Даме Груев“ – ослободување на Смилево и 78 години АСНОМ, ќе се одржи во спомен паркот на Даме Груев, на местото Умалишта, со почеток во 10:15 часот.

Да ни е честит и вечен Илинден – еден од најважните празници во Македонија!

Skip to content