Во рамките на реализацијата на општинскиот проект за превенција од пороците на современото општество, градоначалникот на општината Тони Ангелевски обезбеди и донира нови фудбалски стативи за спортскиот подмладок на населбата Слепче. Иако првично беше планирано стативите да бидат поставени на спортското игралиште кај локалното училиште, по желба на младите Слепчанчиња, стативите беа поставени на големото Прчидоско фудбалско игралиште.

Поголема група млади се вклучија и помогнаа при поставувањето на стативите, а потоа на новите стативи се одигра ревијален фудбалски натпревар на кој што, како член на една од екипите, спортските способности ги демонстрира и градоначалникот Ангелевски.

За време на престојот во Слепче, градоначалникот Ангелевски се сретна и разговараше со жителите на населбата Слепче.

Во рамките на овој проект, до крајот на месецов, во неколку населени места низ општината Демир Хисар, градоначалникот ќе донира и 8 кошаркарски комплети.

Советот на Општина Демир Хисар ќе ја одржи Шестата редовна седница. Претседателот Кире Ристевски, за ова советничко заседание најави прдлог-  дневен ред од 12 точки, и тоа:

 

1. Донесување на Одлука за утврдување на приоритет на проект „Реконструкција на водоводен систем за водоснабдување на с.Стругово“.

2. Донесување на Odluka za давање согласност за намена на инвестицијата „Реконструкција на водоводен систем за водоснабдување на с.Стругово“.  

3. Донесување на Одлука za утврдување на приоритет на проект „Реконструкција на улици во Слоештица“.

4. Донесување на Одлука za давање согласност за намена на инвестицијата „Реконструкција на улици во Слоештица“.

5.Донесување на Одлука за изменување и дополнување на Програмата за донесување на УП за Општина Демир Хисар за 2013 години.

6. Донесување на Одлука за формирање на зони за утврдување на пазарната вредност на недвижниот имот.

7.Донесување на Одлука за формирање на Совет за јавно здравје.

8. Донесување на Решение за именување на 5 членови во Советот за јавно здравје на подрачјето на Општина Демир Хисар.

9. Донесување на Решение за именување на членови на Општински Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

10. Усвојување на информација за статусот на недвижниот имотот сопственост на општина Демир Хисар.

11. Информација за преземени активности за изработка на процена на загрозеноста на безбедноста на територијата на Општина Демир Хисар и донесување заклучоци за зголемување на соработката.

 12.  Советнички парашања

 

Седницата ќе се одржи на 02.07.2013, сопочеток во 12:00 часот.

На предлог на претседателот Кире Ристевски, демирхисарските советници на своето деветто редовно заседание расправаа и одлучија за 16 прашања од делокругот на законските надлежности.

Најпрвин со мнозинство гласови од присутните беше разрешен досегашниот претседател на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Димитар Митревски кој претходно имаше поднесено оставка на функцијата. На негово место беше предложен Димче Лозевски од Стругово. Конечното решение за прифаќање на овој предлог треба да го донесе Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот.

Во понатамошниот тек од седницата, советниците ги разгледаа и без забелешки ги усвоија годишните извештаи за работењето на  ООУ „Даме Груев“ Смилево и СОУ „Крсте П. Мисирков“ Демир Хисар, како и годишните програмите за работа на  сите општински основни, Средното училиште и Детската градинка „Втори септември“.

Со поддршка на гласовите на советниците, беше дадена согласнос на барањата на сите училишта за формирање на чисти паралелки со помал број на ученици и комбинирани паралелки. Беше разгледан извештајот за зимското одржување на локалните патишта и улици минатата зима – работи што и беа доделени на компанијата  ДАКИ – ДАМЕ ТРАНС, а се одлучи, за претстојното зимско одржување на патиштата и улиците, општината да избере изведувач по пат на јавна набавка, односно да се распише тендер.

Пред редовната точка за предлози и прашања што вообичаено се поставува како последна, советниците донесоа одлука за давање  согласност и отстапување на правото за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект.

Се работи за барањето за легализација на бесправно изграден објект, изграден на државно земјиште што е на користење на Општина Демир Хисар,  во сопственост на Крсте Крстевски од Обедник. Со оваа одлука сопственикот ќе може да ја продолжи постапката за легализација.

ВОДИЦИ ВО ДЕМИР ХИСАР


Во 15 населени места во општина Демир Хисар, денеска беа организирани богојавленски свечености – фрлање на Светиот крст и симболично осветување на водите. Неколку илјади верници од Демир Хисар и соседните општини дојдоа на невообичаено топлото време покрај вировите и базентите да ја проследат оваа традиционална богојавленска процесија во која што директно учествуваа скоро стотина млади капачи. Најмасовно беше на централната богојавленска свеченост што по 20 – ти пат се одржа на мостот на Стара Река во населбата Мургашево.

 

 Сите богојавленски свечености се одржаа во организација на Македонската православна црква – ОА, односно црковните одбор, а првпат оваа година, општината Демир Хисар испрати свои делегации на сите 15 богојавленски свечености што ги предводеа раководители на сите јавни претпријатија и установи и на најсреќните капачи им врачија пригодни подароци.

Градоначалникот Љупчо Блажевски, претседателот на Советот Кире Ристевски и советниците Јосиф Ристевски и Гоце Мицковски присуствуваа на свеченостите во Смилево, Загориче – Утово, Суводол – Кутретино и на централната свеченост во Демир Хисар. Еве го распоредот и на другите делегации: Слоештица - Лилјана Поповска, Фонд за здравство, с. Белче - Љубе Србиновски, Дом на културата, с. Вардино - Менка Најдовска, ООУ „Браќа Миладиновци“ с.Граиште - Горан Костовски, ООУ „Гоце Делчев“ Демир Хисар, с. Жван - Соња Талевска, ЈЗУ Здравствен дом, с. Стругово - Сузана Димовска, ЈУ Детска градинка, с. Доленци - Снежана Најдовска, ЈЗУ Психијатриска болница и Нада Пејковска, советник, с. Журче - Ѓоко Василевски, советник, с. Прибилци - Јовче Крстевски, Центар за социјална работа, с. Сопотница - Раде Василевски, ШС „Бигла“, с. Слепче - Пецо Наловски, ЈКП „Комуналец“ и Кире Мијаковски, противпожарна единица.

Засега ги имаме и објавуиваме следните имињата на најсреќните богојавленци:
Смилево - Пеце Корлевски
Загориче – Утово – Марјан Ѓорѓиевски
Белче – Димитар Најдовски
Граиште – Благојче Јошевски
Суводол – Кутретино – Илче Ангелевски (од Суводол)
Жван – Михаил Давидевски
Слепче – Јован Печенпетеловски

Вардино - Стефан Каранфиловски

 

 

 

2 - 7.МАЈ

1903 - 2014

111 ГОДИНИ ОД ОДРЖУВАЊЕТО НА СМИЛЕВСКИОТ КОНГРЕС

07.05.2014

П Р О Г Р А М А 

07.05.2014 - СРЕДА

10:00 - ПРОМОЦИЈА - СВЕЧЕНО ОТКРИВАЊЕ НА
ТУРИСТИЧКА СИГНАЛИЗАЦИЈА ВО СМИЛЕВО
- 10:00 - на влезот во Смилево
- 10:15 - кај мостот на Стара Река во Смилево
- 10:30 - кај крстосницата на улицата кон музејот „Смилево
и спомен - паркот „Даме Груев“ во Смилево
- 10:45 - на смилевското средсело
- 11:50 - полагање цвеќе на спомен костурницата на
Даме Груев и смилевските Илинденци

11:00 - КУЛТУРНО - УМЕТНИЧКА ПРОГРАМА ВО КОНГРЕСНАТА
САЛА ВО МУЗЕЈОТ „СМИЛЕВО“ ВО ИЗВЕДБА НА
УЧЕНИЦИТЕ ОД ООУ „ДАМЕ ГРУЕВ“ СМИЛЕВО

12:00 - ПОЛАГАЊЕ ЦВЕЌЕ НА СПОМЕН ПАРКОТ „ДАМЕ ГРУВ“

More Articles …

Page 1 of 2