На предлог на претседателот Кире Ристевски, демирхисарските советници на своето деветто редовно заседание расправаа и одлучија за 16 прашања од делокругот на законските надлежности.
Најпрвин со мнозинство гласови од присутните беше разрешен досегашниот претседател на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Димитар Митревски кој претходно имаше поднесено оставка на функцијата. На негово место беше предложен Димче Лозевски од Стругово. Конечното решение за прифаќање на овој предлог треба да го донесе Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот.
Во понатамошниот тек од седницата, советниците ги разгледаа и без забелешки ги усвоија годишните извештаи за работењето на ООУ „Даме Груев“ Смилево и СОУ „Крсте П. Мисирков“ Демир Хисар, како и годишните програмите за работа на сите општински основни, Средното училиште и Детската градинка „Втори септември“.
Со поддршка на гласовите на советниците, беше дадена согласнос на барањата на сите училишта за формирање на чисти паралелки со помал број на ученици и комбинирани паралелки. Беше разгледан извештајот за зимското одржување на локалните патишта и улици минатата зима – работи што и беа доделени на компанијата ДАКИ – ДАМЕ ТРАНС, а се одлучи, за претстојното зимско одржување на патиштата и улиците, општината да избере изведувач по пат на јавна набавка, односно да се распише тендер.
Пред редовната точка за предлози и прашања што вообичаено се поставува како последна, советниците донесоа одлука за давање согласност и отстапување на правото за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект.
Се работи за барањето за легализација на бесправно изграден објект, изграден на државно земјиште што е на користење на Општина Демир Хисар, во сопственост на Крсте Крстевски од Обедник. Со оваа одлука сопственикот ќе може да ја продолжи постапката за легализација.
Советот ја одржа деветата редовна седница
Typography
- Smaller Small Medium Big Bigger
- Default Helvetica Segoe Georgia Times
- Reading Mode